Брус (алатка)
Брус, точило[1][2] или острило[3][4] — алатка за измазнување и полирање на метали и неметали, обработка на стакло, камен и сл., како и за острење на други алатки, изработени од природен или вештачки абразив.[5][6] Брусови се нарекуваат и сегментите од посложени алатки што служат за истата намена — брусни чинии, тенџериња, дискови итн. Хемискиот состав, структурата, цврстината, зрновитоста (гранулацијата), обликот и големината на брусот зависат од намената и начинот на употреба на овие алатки.[7]
Историја
уредиТаквите алатки ги користеле луѓето уште од древно време. Археолошките наоди покажуваат дека брусовите биле широко распространети низ различни култури од бронзеното време.
Наводи
уреди- ↑ „точило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „точило“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „острило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „острило“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „брус“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „брус“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „What is a Whetstone & How is it Made?“. Chubo Knives. Посетено на 2024-04-12.
Надворешни врски
уреди„Брус (алатка)“ на Ризницата ? |