Бригите Кнопф

(Пренасочено од Бриџит Кнопф)

Бригите Кнопф (родена на 28 август 1973 година, во Бон)[1] е германски климатолог. Од февруари 2015 година таа е генерален секретар на Меркатор Истражувачкиот институт за глобални проблеми и климатски промени[2] а од 1 септември 2020 година е член на Експертскиот совет за климатски прашања (Expertenrat für Klimafragen).

Кариера

уреди

Во 1993 година, Кнопф матурирала како најдобра во својот клас во гимназијата Алберт-Ајнштајн во Санкт Аугустин. Во 1993 година започнала да студира физика со специјализација за сончева енергија на Универзитетот во Марбург. Кнопф добила диплома во 1999 година.[3]

Од 1999 до 2001 година Бригите Кнопф работи во одделот за истражување и развој на PHÖNIX SonnenWärme AG во Берлин. Од 2001 до 2006 година, Кнопф била докторант на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК). Во 2006 година докториралс на Универзитетот во Потсдам.[3] Од 2007 до 2014 година работела како научник во ПИК.[4] Во 2014 година почнала да работи за Меркатор Истражувачкиот институт за глобални проблеми и климатски промени(MCC).[5]

Трудови

уреди

Неодамнешниот трудот на Кнопф се занимава, меѓу другите теми, и со спроведување на Парискиот договор.[2] Таа, исто така, ги проучува цените на јаглеродот и како тоа може да се ублажат климатските промени истовремено финансирајќи ги целите за одржлив развој на ОН (SDGs).

Во јавната дебата за решенија за климатската криза, Кнопф се залага за цена за емисиите на јаглерод.[6] Таа повикува на одржливи финансиски реформи во Германија и на меѓународно ниво: „Покрај намалувањето на субвенциите за фосилите горива, таквата реформа мора да вклучува ефективна цена на јаглеродот“. Таа тврди дека приходите од цените на јаглеродот може да се искористат за намалување на другите даноци.[7]

Кнопф била еден од авторите на петтиот извештај за проценка на IPCC (2014).[2]

Избрани публикации

уреди
  • On intrinsic uncertainties in earth system modelling (PDF). 2006. стр. 120.
  • Ottmar Edenhofer, Brigitte Knopf u. a.: The economics of low stabilization: model comparison of mitigation strategies and costs. In: The Energy Journal. 2010, S. 11–48, https://www.jstor.org/stable/41323490
  • Der Einstieg in den Ausstieg (PDF). Friedrich-Ebert-Stiftung e. V. (FES). 2011. ISBN 978-3-86872-820-0.
  • Knopf, Brigitte; Kejun, Jiang (2 November 2017). „Germany and China take the lead“. Science. American Association for the Advancement of Science (AAAS). 358 (6363): 569. Bibcode:2017Sci...358..569K. doi:10.1126/science.aar2525. ISSN 0036-8075. PMID 29097522.
  • Fuss, Sabine; Flachsland, Christian; Koch, Nicolas; Kornek, Ulrike; Knopf, Brigitte; Edenhofer, Ottmar (1 July 2018). „A Framework for Assessing the Performance of Cap-and-Trade Systems: Insights from the European Union Emissions Trading System“. Review of Environmental Economics and Policy. University of Chicago Press. 12 (2): 220–241. doi:10.1093/reep/rey010. ISSN 1750-6816.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Lebenslauf von Brigitte Knopf“ (PDF). Посетено на 2019-01-19.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Knopf, Brigitte“ (англиски). Mercator Research Institute on Global Commons and Climate Change. Архивирано од изворникот на 2018-11-28. Посетено на 2019-01-19.
  3. 3,0 3,1 „Curriculum vitae : Brigitte Knopf“. www.pik-potsdam.de (германски). Potsdam-Institut für Klimafolgenforschung (PIK). 2010-02-18. Архивирано од изворникот на 2020-09-18. Посетено на 2020-01-05.
  4. „Mitgliederdetails“ (германски). acatech – Deutsche Akademie der Technikwissenschaften e.V. Посетено на 2021-01-06.
  5. „Knopf, Brigitte - Mercator Research Institute on Global Commons and Climate Change (MCC)“. Архивирано од изворникот на 2021-01-07. Посетено на 2021-01-07.
  6. Maria Mast (2018-12-11). „Klimawandel: Wenn Klimaforscher die Welt regieren würden“. Die Zeit. Zeit Online. Посетено на 2019-01-19.
  7. „Länder müssen Bemühungen für Zwei-Grad-Ziel verdreifachen“. Faz.net. FAZ. 2018-11-27. Посетено на 2019-01-19.