Британски Цејлон
Ceylon (синхалски: බ්රිතාන්ය ලංකාව; тамилски: பிரித்தானிய இலங்கை) бил Британска колонија во денешна Шри Ланка во периодот од 1796 до 4 февруари 1948 година. На почетокот, територијата на Британски Цејлон не го опфаќала Кралството Канди, кое било протекторат, но од 1817 година под британска власт бил целиот остров Цејлон, денес државата Шри Ланка.
Британски Цејлон |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: God Save the King/Queen (1796–1948) |
||||||
Главен град | Коломбо | |||||
Уредување | Монархија |
Историја
уредиПред холандската управа, островот Цејлон бил поделен меѓу Португалското Царство и Кралството Канди, кои војувале меѓу себе за контрола на целиот остров. Островот го привлекол вниманието на новоформираната Холандска Република откако синхалскиот крал ги повикал заедно да се борат против Португалците. Набрзо, Холанѓаните ја наметнале својата власт врз поголемиот дел од островот.
Кон крајот на 18 век, Холандија, ослабната поради војните против Велика Британија, биле освоени од Наполеонова Франција, а нејзините водачи побегнале во Лондон. Затоа што не можеле ефективно да управуваат со својот дел од островот, Холанѓаните владеењето им го префрлиле на Британците.[1]
Кандијски војни
уредиОткако на Велика Британија ѝ биле преотстапени деловите од Цејлон кои претходно биле под контрола на Холандија, Британците сакале да ја прошират својата сфера на влијание и домородното Кралство Канди го направиле протекторат, понуда која кралот од Канди првично ја одбил. Одбивањето на Канди да прифати статус на протекторат довело до војна, која завршила со капитулација на Кандијците.
Кандијска конвенција
уредиВладеењето на кралот Шри Викрама Раџасинг не било поддржувано од неговите поглавари. Кралот, кој имал јужноиндиско потекло, се соочил со моќните поглавари и барал сурови мерки за да ја потисне нивната популарност кај народот. Синхалските поглавари организирале успешен удар по кој ја прифатиле британската круна како нов суверен. Со ова завршило династичкото владеење со кралството Канди, а кралот Раџасинг бил затворен, по што ја загубил надежта дека Британците ќе му дозволат да ја задржи власта. Кандијскот договор потпишан во 1815 година (познат како Кандијска конвенција) ги навел условите под кои Кандијците би живееле како британски протекторат. Будистичката религија требало да добие заштита од Круната, а немало да се наметнува христијанството населението, што се случувало за време на португалското и холандското владеење.
Востанието во Ува
уредиНа владејачките семејства од Канди за помалку од две години им станало јасно дека авторитетот на британската власт е фундаментално различен од оној на (отфрлената) династија Најкар. Наскоро Кандијците се побуниле против Британците и воделе герилска војна. Незадоволството од британските постапки наскоро прераснало во отворен бунт, кој започнал во војводството Ува во 1817 година, т.н. Бунтот во Ува (познат и како Трета кандијска војна). Главна причина за бунтот бил неуспехот на британските власти да ги заштитат и да ги одржат будистичките традиции, кои жителите на островот ги сметале за составен дел од својот живот.[2][3][4][5][6]
Бунтот прераснал во герилска војна, каква што Кандијците со векови ја воделе против европските сили. Сепак, тоа било последно востание од овој вид затоа што било брзо задушено, а сите мажи од 15 до 60 години биле протерани, прогонети или убиени. Британската круна го анектирала Кралството Канди кон Британски Цејлон во 1817 година [7][8]
Развој
уредиБританците го користеле месното население и британски геодети за да го мапираат островот, а потоа изградиле патна мрежа која им овозможила извозно производство на плантажно земјоделство, како и построга воена контрола.[9]
Од оваа колонија се извезувал цимет, зачин кој бил исклучително вреден поради својата реткост, а Цејлон останал главен производител на цимет во светот до крајот на 18 век [10]
За време на гувернерството на Хенри Вард била изградена пруга, а Британците изградиле патишта, болници, породилишта и почнале со плантажно одгледување на кафе и чај.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Christie, Nikki (2016). Britain: losing and gaining an empire, 1763–1914. Pearson. стр. 53.
- ↑ Lessons on British ‘decency’ Архивирано на 17 мај 2022 г., The Nation
- ↑ Keppetipola and the Uva The Great Liberation War Virtual Library Sri Lanka.
- ↑ „Uva Wellassa The Great Liberation War - 1817 -1818“. Архивирано од изворникот на 2014-10-26. Посетено на 23 October 2014.
- ↑ „Wellassa riots in 1818“. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 2009-08-04.
- ↑ „Torture tree of the British Army“. Посетено на 23 October 2014.
- ↑ Müller, J. B. (6 November 2010). „Anglophiles, Eurocentric arrogance and Reality“. The Island.
- ↑ Keerthisinghe, Lakshman I. (2013). „The British duplicity in protecting human rights in Sri Lanka“. Daily Mirror. Архивирано од изворникот на 21 October 2013. Посетено на 21 October 2013.
- ↑ Sujit Sivasundaram, "Tales of the Land: British Geography and Kandyan Resistance in Sri Lanka, c. 1803–1850", Modern Asian Studies (2007) 41#5 pp. 925–965.
- ↑ Christie, Nikki (2016). Britain: losing and gaining an empire, 1763–1914. Pearson.