Брента (река)
Брента ― река во Италија која тече од Трентино до Јадранското Море, јужно од венецијанската лагуна во регионот Венето, североисточниот дел на Италија.
Брента | |
---|---|
Брента кај Басано дел Грапа | |
Местоположба | |
Држава | Италија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Од езерата Левико и Калдонацо |
• надм. вис. | 450 м |
Устие | |
• место | Јадранско Море |
Должина | 174 км |
Големина на сливот | 2,300 км2 |
Проток | |
• просечен | Басано дел Грапа 60 до 90 м3/с; Барзица 93 м3/с |
Особености на сливот |
За време на римската ера, реката била наречена Медоакус (старогрчки: Медиохос, Μηδειοχος) и во близина на Падова се поделила на два ограноци, Medoacus Maior (Голем Медоакус) и Medoacus Minor (Мал Медоакус). Реката го сменила својот тек во раниот среден век, а нејзиното поранешно корито преку Падова било зафатено од реката Бакиљоне.
Реката е 174 км долга и прв пат била канализирана во 16 век кога бил изграден долг канал од селото Стра до Јадранското Море, заобиколувајќи ја венецијанската лагуна. Дел од реката Брента, наречена Навиљо дел Брента, останал да ги поврзува директно Венеција и Падова (што бил еден вид втора престолнина на Венецијанската Република). Таа тече низ Стра, Фјесо д'Артико, Доло, Мира, Орјаго и Малконтента до Фусина (кој е дел од општината Венеција).
Почнувајќи од 16 век, многу големи вили биле изградени по должината на бреговите на Навиљо дел Брента, а оваа населена област подоцна била наречена Ривиера дел Брента. Три од овие вили се отворени за јавноста: големата барокна Вила Писани во Стра, Вила Видман-Фоскари во Мира и зградата на Паладиовата вила во Вила Фоскари, исто така наречена „Ла Малконтента“. Вила Ферети-Анџели во Доло е исто така на ривиерата. Северозападно од Падова, во близина на селото Пјацола сул Брента, недалеку од реката, Вила Контарини е отворена. Венецијанската аристократија крстарела по должината на каналот на еден вид брод познат како буркјело, додека товарот се носел на традиционалните бродови познати како бурки.
Во Басано дел Грапа, реката ја минува Понте Векио (италијански, што значи стар мост), или Понте дељи Алпини (алпински мост), покриен мост дизајниран од Паладио во 1569 година. Мостот е во понтонски стил и бил изграден целосно од дрво. Уништен бил неколку пати во својата историја, а последен пат бил обновен од Алпините во 1948 година.