Брана Випра
Браната Випра или Брана Випер (германски: Talsperre-Wippra или Wippertalsperre) е брана на реката Випер во планините Харц. Се наоѓа близу Випра, недалеку од Мансфелд и Хетштет во Саксонија-Анхалт. Била изградена помеѓу февруари 1951 и ноември 1952.
Брана Випра | |
---|---|
Браната во март 2008 | |
Држава | Германија |
Локација | Мансфелд-Зидхарц, Саксонија-Анхалт |
Координати | 51°34′11″N 11°15′10″E / 51.56972° СГШ; 11.25278° ИГД |
Започнато градење | февруари 1951 |
Датум на отворање | ноември 1952 |
Брана и проточни канали | |
Вид на брана | гравитациска брана |
Висина | 24.9 м (82 ст) |
Должина | 126 м (413 ст) |
Волумен | 19,000 m3 (670,000 cu ft) |
Дотек | Випер |
Капацитет на проточниот канал | 2,000,000 m3 (71,000,000 cu ft) |
Електрична централа | |
Вид | Да |
Инсталирана моќност | 22 KW |
Била изградена со цел да обезбеди индустриска вода за преработувачките капацитет за бакар во Мансфелд и Хетштет. Нејзината улога во заштитување од поплави е ограничена, бидејќи таа првично била изградена како помошна брана. Плановите за понатамошна поголема брана, никогаш не се реализирале. Браната Випер исто така произведува и електрична енергија, користејќи ја хидроенергијата. Капацитет на хидроцентралата е 22 kW.
Нејзин оператор е Talsperrenbetrieb Saxony-Anhalt.
Браната е гравитациска, направена од бетон. Достапни се организирани посети во самата брана.
На браната е точката 219 од планинско-пешачката патека Harzer Wandernadel.