Брагил
древен град во Кукушко, Егејска Македонија
Брагил или Брагилај — антички град во древномакедонската област Крестонија, сместен кај денешното село Јанешево, Кукушко, Егејска Македонија.[1][2] Во литературата се среќава како Βράγυλος и Βραγύλαι или Bragylae на латински.
Βράγυλος | |
Место | Јанешево, Кукушко |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 41°00′31″N 22°49′26″E / 41.0085° СГШ; 22.8238° ИГД |
Вид | населба |
Историја | |
Раздобје | антика |
Прогласено за | споменик на културата |
Остатоците од градот се наоѓаат на ридот Бујук Тепе (Τρανός λόφος) на 1 км ЈЈИ од Јанешево. Откриена е керамика и остатоци од бедем по обиколката на ридот. В полето на подножјето на ридот и на неговиот почеток има некропола со гробови од типот циста.[1]
Во 1996 г. наоаѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 25 јуни 2018.
- ↑ Делев, Петър (2014). История на племената в Югозападна Тракия през I хил. пр. Хр. София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 42. ISBN 978-954-07-3691-4.