Бојанско Езеро
Бојанското Езеро (бугарски: Боянско езеро) ― вештачко езеро во планината Витоша во близина на главниот град на Бугарија, Софија. Се наоѓа на 1,5 км југоисточно од софиската населба Бојана.
Бојанско Езеро | |
---|---|
Воздушен поглед на Бојанското Езеро | |
Координати | 42°38′08″N 23°16′09″E / 42.635556° СГШ; 23.269167° ИГД |
Населени места | Софија |
Во почетокот Бојанското Езеро било бара. Подоцна била преобразена во езеро со воспоставувањето на витошкиот аквадукт над Софија во 1906 година. Во витошкото езеро можат да бидат најдени крастави жаби од семејството Bufonidae, водни жаби од семејството Ranidae и северногребенести тритони, еден вид Salamandridae.[1] Езерото има површина од приближно 2000 квадратни метри, а се наоѓа на 1027 метри надморска височина.[2]
Местоположба
уредиДо Бојанското Езеро може да се стигне за 40 минути пешачење со просечна брзина од населбата Бојана во Софија. Од езерото има две патеки кои водат до Бојанскиот Водопад Бојанската црква.[3] Постои уште една патека која води до Сув Врв (бугарски: Сухи Врах), врв на планината Витоша на надморска височина од 1700 метри.[4] Езерото Бојана се наоѓа на почетокот на Природниот парк Витоша, заштитено подрачје во лланината Витоша.
Езерото е прогласено како дел од Европското природно наследство во Бугарија.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Boyana Lake (In Bulgarian Language)“. Park-Vitosha.org. Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на 29 јануари 2022.
- ↑ „4 Sightseeings in Boyana (In Bulgarian Language)“. 24chasa.bg. Посетено на 29 јануари 2022.
- ↑ admin (29 март 2020). „Boyana Waterfall, Boyana Lake and Boyana Church“. TheTraveler.bg (англиски). Посетено на 29 јануари 2022.
- ↑ „Природните красоти на Бояна“. www.visitsofia.bg. Посетено на 29 јануари 2022.
- ↑ „Боянско езеро, информация, отзиви, карта и снимки - Почивка.бг“. pochivka.bg (бугарски). Посетено на 29 јануари 2022.