Борис Рибаков
Борис Александрович Рибаков (1908-2001) е познат советски и руски историчар и археолог.
Рибаков е член на Академијата на науките на СССР од 1958 година, и на Академијата на науките на Руската Федерација од 1991 година. Се занимавал и со проучување на словенската митологија, обичаите и верувањата. 40 години раководел со Институтот за археологија на Руската академија на науките. Особено се познати неговите дела "Jaзичеството на древните Словени", "Jaзичеството на древните Руси", "Првите векови на руската историја", "Руските летописци и авторот на Словото за полкот Игорев", "Херодотова Скитија. Историско-географска анализа" и многу други[1][2].