Борисов арена

фудбалски стадион во Белорусија

Борисов арена е фудбалски стадон во Борисов, Белорусија на кој играат БАТЕ Борисов и репрезентацијата на Белорусија. Максималната сместивост на стадионот изнесува 13,126 гледачи.[4][5]

Борисов арена
Место Борисов, Белорусија
Координати 54°11′35″N 28°28′31″E / 54.19306° СГШ; 28.47528° ИГД / 54.19306; 28.47528
Започнат 2011–2014
Отворен 2014[1]
Сопственик БАТЕ Борисов
Подлога Трева
Цена на изградбата 40,000,000 [2]
Архитект OFIS Architects
Игра БАТЕ Борисов (2014–)
Фудбалска репрезентација на Белорусија (2014–)
Гледачи 13,126[3]

Историја уреди

Првиот официјален натпревар одигран на Борисов арената бил финалниот натпревар од купот на Белорусија во сезоната 2013–14 во кој играле екипите на Неман Гродно и Шахтјор Солигорск. Натпреварот завршил со победа од 1–0 за екипата на Шахтјор Солигорск, а украинскиот играч Артем Старгородски го постигнал првиот гол воопшто на стадионот пред повеќе од 11.000 гледачи.[3]

Натпревари на репрезентацијата уреди

Фудбалската репрезентација на Белорусија својот прв натпревар на Борисов арената го одиграла на 4 септември 2014 година, победувајќи со 6–1 над Таџикистан во пријателски натпревар.[6] Првиот официјален натпревар, белоруската репрезентација го одиграла на 9 октомври 2014 година, и тоа против Украина пред 10,512 гледачи. Натпреварот бил во рамките на квалификациите за Европското првенство 2016, и завршил со резултат 0–2 во полза на Украина.[7]

Список на натпревари уреди

# Датум Противник Резултат Гледачи Натпреварување
1. 4 септември 2014   Таџикистан 6–1 2,400 Пријателски натпревар
2. 9 октомври 2014   Украина 0–2 10,512[7] Квалификации за Европско првенство 2016
3. 12 октомври 2014   Словачка 1–3 3,684[8] Квалификации за Европско првенство 2016
4. 18 ноември 2014   Мексико 3–2 6,700 Пријателски натпревар
5. 14 јуни 2015   Шпанија 0–1 13,121 Квалификации за Европско првенство 2016
6. 12 октомври 2015   Македонија 0–0 1,545 Квалификации за Европско првенство 2016

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. http://www.worldofstadiums.com/europe/belarus/borisov-arena/
  2. OFIS Architects (Ofis-a.si)
  3. 3,0 3,1 „Borisov Arena“. StadiumDB. Посетено на 12 October 2014.
  4. „Borisov Arena at FCBate.by“. Архивирано од изворникот на 2017-06-19. Посетено на 2017-02-26.
  5. „Season tickets on sale 20 Jan (FCBate.by)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2017-02-26.
  6. „Belarus vs. Tajikistan 6:1“. Soccerway.com. Посетено на 12 October 2014.
  7. 7,0 7,1 „Belarus vs. Ukraine 0:2“. Soccerway.com. Посетено на 12 October 2014.
  8. „Belarus vs. SLOVAKIA 1 - 3“. Soccerway.com. Посетено на 24 April 2015.

Надворешни врски уреди