Отвори го главното мени

Бијафра (залив)

залив во Западна Африка
(Пренасочено од Бониски Залив)

Бијафра (англиски: Bight of Biafra; француски: golfe du Biafra) или Бониски Залив (англиски: Bight of Bonny, француски: golfe de Bonny) — залив на западноафриканскиот брег, во најисточниот дел на Гвинејскиот Залив.

Бијафра
Bight of Bonny
Golfe du Biafra
Gulf of Guinea (English).jpg
Заливот Бијафра на карта.
Координати2°50′N 8°0′E / 2.833° СГШ; 8.000° ИГД / 2.833; 8.000Координати: 2°50′N 8°0′E / 2.833° СГШ; 8.000° ИГД / 2.833; 8.000
Речни извориНигер
Океански/морски извориГвинејски Залив
Атлантски Океан
Сливни земјиНигерија, Камерун, Екваторска Гвинеја, Габон[1]
Најг. должина300 км
Најг. ширина600 км
ОстровиБиоко

ГеографијаУреди

Заливот Бијафра или Мафра (наречен по градот Мафра во јужна Португалија), помеѓу ’ртовите Формоса и Лопес, и е најисточниот дел од Гвинејскиот Залив; ги опфаќа островите Фернандо По [Екваторска Гвинеја], Сао Томе и Принсипе. Сè до подоцнежниот дел на XIX век името се однесувало и на денешната земја Камерун, но потоа излегло од употреба.[2] На карта од 1710 г. е посочена област „Бијафар“ (Бијафра) на територијата на денешен Камерун.

Заливот се протега на источно од Бенинскиот Залив, од делтата на реката Нигер на север до ’ртот Лопес во Габон.[3] Други поважни реки кои се влеваат во заливот се Крос (Ојоно), Вури, Калабар, Ндијан, Вури, Санага, Њонг, Нтем (Кампо), Мбија, Мбини (Бенито), Муни и Комо.[1]

Поголеми острови во заливот се Биоко и Принсипе; помали се Бом Бом, Каросу, Голем Елобеј и Мал Елобеј.[1] На него излегуваат Нигерија (источен брег), Камерун, Екваторска Гвинеја (Биоко и Рио Муни) и Габон (северен брег).

ИсторијаУреди

 
Областа Бијафра на територијата на денешен Камерун на карта од 1710 г.

Во времето на ропството, од заливот Бијафра се извезени 1,6 милиони робови, што сочинува 13% од обемот на трговијата со робје во Западна Африка. Бенинскиот Залив на запад учествувал со 17%, а подрачјето од средна до јужна Африка со 48% од робовите.[4]

Кон средината на XVIII век, Бони станало значајној роботрговско пристаниште на заливот, надминувајќи ги претходно најпрометните роботрговски пристаништа во Елем Калабари (Нов Калабар) и Стар Калабар (Аква Акпа). Овие три пристаништа имале 90% од обемот во трговијата со робје од заливот Бијафра.[5] [6]

Помеѓу 1525 и 1859 г. главна роботрговска сила во заливот била Британија, од каде се испорачани две третини од робовите во Новиот Свет.[7]

Меѓутоа, во 1807 г. Велика Британија со закон ја забранила меѓународната трговија со робје и ја испратила воената морнарица сосила да ги спречува роботрговците од САД, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Западна Африка и Арабија.[8]

Earlier, in 1777, Portugal transferred control of Фернандо По и Анобон to Spanish suzerainty thus introducing Spain into the early colonial history of the Bight of Biafra. [9]

На 30 јуни 1849 г. Британците воспоставиле воено влијание врз заливот со изградба на поморска база и конзулат на островот Фернандо По.[10]

На 6 август 1861 г. заливот Бијафра и соседниот Бенински Залив (под управа на британски конзули) се соединиле во еден британски конзулат.

Во 1967 г. Источниот регион на Нигерија се отцепил од државата и го усвоил името на заливот, прогласувајќи независна Република Бијафра. Државата била краткотрајна поради претрпениот пораз во Ниериската граѓанска војна. Во 1975 г. нигериската влада со указ го сменила името на заливот од Бијафра во Бониски Залив.[11]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Гугл Земја
  2. Hugh Chisholm; James Louis Garvin. The Encyclopædia Britannica: a dictionary of arts, sciences, literature & general information, Volumes 11-12. The Encyclopædia Britannica Company, ltd., 1926. стр. 696. https://books.google.com.ng/books?id=U4ZGAQAAIAAJ&q=biafra+mafra&dq=biafra+mafra&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwiw-Peg5v_UAhUrKMAKHaHjCeYQ6AEIMTAE. посет. 10 јули 2017 г. 
  3. "Benin, Bight of." Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica Online Library Edition. Encyclopædia Britannica, Inc., 2013. посет. 2 ноември 2013 г.
  4. Toyin Falola; Raphael Chijioke Njoku. Igbo in the Atlantic World: African Origins and Diasporic Destinations. Indiana University Press, 2016. стр. 82. ISBN 9780253022578. 
  5. Paul E. Lovejoy. Transformations in Slavery: A History of Slavery in Africa. Cambridge University Press, 2011. стр. 58. ISBN 9781139502771. https://books.google.com.ng/books?id=dXVFnHqhLvcC&pg=PA58&dq=biafra+lovejoy+bonny&hl=en&sa=X&ved=#v=onepage&q=biafra%20lovejoy%20bonny&f=false. посет. 11 јули 2017 г. 
  6. Toyin Falola; Raphael Chijioke Njoku. Igbo in the Atlantic World: African Origins and Diasporic Destinations. Indiana University Press, 2016. стр. 83. ISBN 9780253022578. https://books.google.com.ng/books?id=CXQwDQAAQBAJ&pg=138&dq=biafra+portuguese&hl=en&sa=X&ved=#v=onepage&q=bonny&f=false. посет. 11 јули 2017 г. 
  7. Toyin Falola; Raphael Chijioke Njoku. Igbo in the Atlantic World: African Origins and Diasporic Destinations. Indiana University Press, 2016. стр. 83. ISBN 9780253022578. https://books.google.com.ng/books?id=CXQwDQAAQBAJ&pg=PA83&dq=biafra+portuguese&hl=en&sa=X&ved=#v=onepage&q=biafra%20portuguese&f=false. посет. 11 јули 2017 г. 
  8. „African Slave Owners“. BBC. конс. 4 December 2011. 
  9. I. K. Sundiata. From Slaving to Neoslavery: The Bight of Biafra and Fernando Po in the Era of Abolition, 1827-1930. Univ of Wisconsin Press, 1996. стр. 19. ISBN 9780299145101. https://books.google.com.ng/books?id=_csii76oqg4C&pg=PA12&dq=bight+of+biafra+portugal&hl=en&sa=X&ved=#v=snippet&q=annobon%20montevideo&f=false. посет. 11 јули 2017 г. 
  10. Stewart, John. The British Empire: An Encyclopedia of the Crown's Holdings, 1493 Through 1995. McFarland & Company, 1996. стр. 250. ISBN 9780786401772. 
  11. University of Ibadan. Dept. of Sociology. Nigerian Behavioral Sciences Journal, Volume 3, Issues 1-2. Department of Sociology, University of Ibadan, 1980. стр. 11. https://books.google.com.ng/books?id=oBHUAAAAMAAJ&q=bight+of+bonny+decree&dq=bight+of+bonny+decree&hl=en&sa=X&redir_esc=y. посет. 11 јули 2017 г. 

ПоврзаноУреди