Боне Трајковски
Боне Трајковски (Битола, 1936 - 1982) — македонски ракометен голман.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
1936 Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | ||
Починал(а) | 1982 (на 45–46 г.) | ||
Националност | Македонец-Југословен | ||
Спорт | Ракомет | ||
Позиција | Голман | ||
Клупски податоци | |||
Сениорски клубови | |||
Пелистер | |||
Кариера
уредиБоне Трајковски својата кариера ја започнал во Пелистер. Клубот тогаш се натпреварувал во Републичката лига. Во 1960 година, била формирана Втората сојузна лига на Југославија во која преку квалификации во Зрењанин, Пелистер и Трајковски станале членови на лигата, што било првпат екипа од Битола да има претставник на сојузен ранг. За овој успех на битолскиот клуб, еден од најзаслужните бил голманот Боне Трајковски. Потоа, Втората сојузна лига била расформирна и Трајковски со Пелистер повторно играл во Републичката лига која повторно станал втор ранг на квалитет, заедно со РК Работник. Во 1967 година, двете екипи кадарно се здружиле под заедничко име РК Пелагонија, кој четири години по ред бил првак на Републичката лига. Во 1971 година, Трајковски со екипата постигнал голем успех и го освоил првото место во лигата и за првпат Битола добила свој претставник во Првата сојузна лига. Еден од поистакнатите играчи заслужни за таквиот успех бил самиот Боне Трајковски.[1]
Успеси
уредиТитули
уредиПелистер
уреди- Македонска републичка ракометна лига (4) : 1967/68, 1968/69, 1969/70, 1970/71
Наводи
уреди- ↑ „Битола е душата и талентот на спортска Македонија (Пасус - Боне Трајковски)“. zoran-misevski.blogspot.com преку web.archive.org. 30 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2019-12-27. Посетено на 27 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)