Болшевици

(Пренасочено од Болшевик)

Болшевиците (руски: большеви́к) биле фракција од Марксистичката Руска Социјалдемократска Работничка Партија, којашто се разделила од меншевичката фракција на Вториот партиски конгрес во 1903 и на крај станала Комунистичка Партија на Советскиот Сојуз. Болшевиците дошле на власт по Октомвриската револуција во 1917 година и го основале Советскиот Сојуз.

Партиска средба на Болшевиците. Ленин е најдесно.

Болшевиците (името доаѓа од „болшинство“, на македонски „мнозинство“) биле организација на професионални револуционери со строга внатрешна хиерархија водени од принципите на демократскиот централизам и квазивоена дисциплина, кои се сметале себеси за главни водачи на револуционерниот пролетеријат. Нивните верувања и практики често се нарекуваат Болшевизам. Партијата била основана од Владимир Ленин, кој исто така ја водел и во Октомвриската револуција. Најголемата Ленинова желба по победувањето во револуцијата било склучување на мир со Централните сили. Болшевиците нивните принципи ги формирале уште во декретот за мирот од 8 октомври, во кој се залагале за самоопределување на народите, за мир без анекси и контрибуција, за јавност во меѓународните договори и дипломатијата воопшто. Мировните договори започнале во декември 1918 г., но поради инзворедно големите територијални обврски,тие биле прекинати. Во меѓувреме поединечните народи на бившата царистичка Русија (Финска, Украина, Закавказјето) прогласиле самостојност. Советската влада ја признала потполната самостојност и независност на Финска на 31 декември 1918 г., а била спремна да ја признае и Полска која меѓутоа сè уште била под окупација на централните сили. Соочени со националистичките и против советските движења на сите народи, кои биле дотогаш под царска Русија, Болшевиците во јануари 1918год., во декретот за правата на народите на Русија, внеле дополнување според кое се признава правото на самоопределување на тие народи. Украинските болшевици во ноември и јануари 1918год. се обиделе да ја преземат власта, но и во двата наврати домашните националистичкки сили, со германска помош победиле. По неуспехот на мировите преговори во Брест-Литовск во 1918год. Австроунгарија и Германија започнале повторно да продираат кон Москва. Интервенцијата се заканувала со уништување на револуционерната власт во Русија. Во таа ситуација советската влада на особеното лениново инсистирање, одлучува да ги прифати крајно тешките услови. Со мировниот договор од 3 март владата на советска Русија морала да се откаже од Украина, која добила самостојност, Белорусија, балтичките земји и Полска, кои сè уште биле под окупација на војските на централните сили. Русија морала исто така да плати висока воена оштета.