Божин Шерденковски
Божин Шерденковски (1 ноември 1928 во Љубојно — 2010) — македонски градежен инженер и универзитетски професор на Градежниот факултет во Скопје.[1]
Божин Шерденковски | ||
Роден | 1 ноември 1928 Љубојно, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 2010 | (возр. 81–82)|
Националност | Македонец | |
Занимање | градежен инженер, универзитетски професор |
Животопис
уредиОсновното училиште го завршил во родното место, а на градежниот оддел при Техничкиот факултет се запишал во 1951 година и дипломирал во јуни 1958 година. За асистент по предметот мелиорации со хидротехнички објекти бил избран во април 1963 година. Во 1969 повторно бил избран за асистент, а во јуни 1971 година бил избран за доцент на група предмети. Во ноември 1976 година бил избран за вонреден професор.[2]
Шерденковски бил редовен универзитетски професор на Градежниот факултет во Скопје од 1981 година до неговото пензионирање во 1988 година по предметот Хидротехнички мелиорации. Во периодот 1981-1983 ја извршувал функцијата продекан.[3]
Пред доаѓањето на факултетот во 1965 година работел во ГП „Пелагонија“.
Учествувал во реализацијата на повеќе хидромелиоративни системи („Овче Поле“, „Прилеп“ и други).
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Швајцарско-македонски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1651. Text "series " ignored (help)
- ↑ „ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО - ДЕЛ I (7)“. Македонска нација. Посетено на 2023-10-31.
- ↑ „Претходни деканати | Градежен факултет-Скопје“ (англиски). Посетено на 2023-10-31.