Богољуб Ивковиќ
Богољуб Ивковиќ (роден на 2 јуни 1924 г. во Градско) - македонски уметник. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, 1957 г. Бил член на групата "Мугри". Живеел во Скопје, Париз и Белград.
Се занимава со сликарство, графика, цртеж и др.
Самостојно излагал во Белград, Скопје и Париз (повеќепати). Излагал и на многу групни изложби: Белград, Александрија, Мајски Салон во Париз 1970, Ним и Шел итн.
Награден е за сликарство на изложбата "НОБ" во Белград, 1961 г. итн[1][2].
Наводи
уреди- ↑ СОНОТ НА СЛИКАРОТ
- ↑ „Богољуб Ивковиќ / Bogoljub Ivkovic“. Архивирано од изворникот на 2021-02-09. Посетено на 2021-02-04.