Битолска богословија

Битолска богословија или Богословија „Св. Јован Богослов“ (Битола, 1922 – 1941)[1][2] – богословија основана од Министерскиот совет на Кралството СХС на 5 октомври 1921 година. Нејзин патрон бил „Св. Јован Богослов“. Иако основана во октомври, богословијата заради организациски проблеми почнала со работа, според едни извори на 1 јануари 1922 година[1], а според други на 26 февруари истата година. [2] Престанала со работа во 1941 година со почетокот на Втората светска војна.

Богословијата во 1927 година
Ученици на Битолската богословија. Во средината е архимандритот Николај (Карпов)

Историја

уреди

Богословијата започнала со работа како петтокласно интернатско богословско училиште, а од учебната 1928/29 година била подигната во ранг на више училиште. [1]

На самиот почеток се состоела од една двокатна зграда покрај улицата и една двокатна зграда со трпезарија во внатрешноста. Како се зголемувале учениците така таа се проширувала. Ректоратот бил во дел од сегашната градска библиотека, а се користела и зградата од сегашната Христијанско-адвентистичка црква која исто така ѝ припаѓала на Битолската богословија. Имало и интернат, перална и црква „Св. Јован“. Во богословијата биле примани ученици со завршено IV одделение, и тоа најчесто се запишувале деца од попски семејства кои на тој начин ја продолжувале семејната традиција, како и деца на сиромашни родители. За учениците-богословци бил организиран интернат зашто тие главно биле од други места селата и градовите подалеку од Битола. Рускиот кадар претставувал мнозинство меѓу предавачите во Битолската богословија. Во есента 1928 година со синодска одлука го назначиле Јован Шангајски за професор во Битолската богословија. [2]

Познати личности кои ја завршиле Битолската богословија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 180. ISBN 978-608-203-023-4.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Битолската богословија“. Бабам Битола. 6 декември 2018. Посетено на 8 јануари 2021.