Блаце (археолошки наоѓалишта)
- Барда — осамен наод од римското време. Во Долно Блаце, најдена е надгробна плоча со латински натпис. Споменикот се наоѓа на местото каде што е откриен.
- Лозје — осамен наод од римското време. При земјоделските работи е пронајдена надгробна плоча со латински натпис. Во фронтонот има релјефна претстава на задушна гозба. Споменикот се наоѓа на местото каде што е пронајден.
- Св. Ѓорѓи — осамен наод од римското време. При изградбата на железничката пруга е пронајден жртвеник со вотивен натпис, посветен на божествата Јупитер, Јунона и Минерва. Споменикот се наоѓа во близината на селската црква „Св. Ѓорѓи“.
Литература
уреди- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.