Блатна стрнарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Стрнарки
Род: Emberiza
Вид: Блатна стрнарка
Научен назив
Emberiza schoeniclus
(Linnaeus, 1758)
Emberiza schoeniclus

Блатната стрнарка (научEmberiza schoeniclus) е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Распространета е низ Европа и умерена и северна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Таа е претежно птица преселница која зимува понајуг, но популациите кои живеат во топлиот југозапад од опсегот се постојани жители.

Опис

уреди

Блатната стрнарка е птица со средна големина, долга 13.5-15.5 см, со мал, но цврст клун карактеристичен за птиците што се хранат со семиња. Мажјакот има црна глава и грло, бел околувратник, бели долни делови и многу избразденошарен кафеав грб. Женката е многу побледа, со кафеава глава со линии и одоздола е, исто така, цела прошарана со линии. Песната на мажјакот е повторливо, на некој начин монотоно црип.

Поведение

уреди

Живеалиштето на блатната стрнарка се влажните предели, ливадите крај мочуриштата, трските и бујната вегетација.

Гнездото го прави на земја или ниско близу до земјата каде несе 4-7 јајца со карактеристични шарки, како влакненца.

Младенчињата ги храни со инсекти, инаку се храни со семиња.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  • Emberiza schoeniclus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 May 2006. Database entry includes justification for why this species is of least concern

Надворешни врски

уреди