Блатен свиркач

вид птица
Блатен свиркач
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Пескарки
Koch, 1816
Вид: Блатен свиркач
Научен назив
Limicola falcinellus
(Pontoppidan, 1763)
Limicola falcinellus falcinellus

Блатниот свиркач или плоскоклуна пескарка (научLimicola falcinellus) — мала крајбрежна птица. Се среќава и во Македонија.

Опис

уреди

Блатниот свиркач е мала птица, сосема малку помала од обичниот свиркач, но со подолг и поправ клун и покуси нозе. Возрасните птици во сезоната на парење имаат украсен грб со темносиви пердуви и бели долни делови со црнкасти белези на градите. Има светла круна и линија кај окото. Во зима, тие се светлосиви одозгора и бели одоздола.

Распространетост и поведение

уреди

Блатниот свиркач е типична птица преселница, поминувајќи го периодот на неразмножување во областа од источна Африка, преку јужна и југоисточна Азија до Австралија. Формира големи јата и со други птици, особено со обичниот свиркач. Оваа птица се размножува во влажните мочуришта на арктичка северна Европа и Сибир. Кога се додворува мажјакот изведува разни летови. Гнездото го сместуваат на земја и несат 4 јајца. Се хранат пасејќи во меката кал на брегот претежно со инсекти и безрбетници. Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни птици се однесува и на блатниот свиркач.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Limicola falcinellus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.

Надворешни врски

уреди