Блажо Пенев
Блажо Пенев ( 1909 во Ваташа — 28 април 1944 во Бигла (планина)) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија.[1]
Животопис
уредиТој не бил женет, а по занимање бил кувар и работел во рудникот Дудица на планината Кожув. За време на нападот на рудникот Дудица од борците на батаљонот „Страшо Пинџур”, меѓу рударите кои им се предале и се приклучиле на единиците народноослободителната војска бил и Блажо Пенев. Присуствувал на формирањето на Втората македонска ударна бригада во селото Фуштани и се борел во нејзиниот состав.Загинал во борбите со германскиот фашистички окупатор на планината Бигла, на 28 април 1944 годива.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 425. ISBN 978-608-4621-04-1.