Блажо Панушков Нешков ( 1920 Кучевиште, Скопско12 март 1942 во Магашил, Лесковац, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Блажо Нешков
Роден 1920 година
Кучевиште, Скопје, Македонија
Починал 12 март, 1942 година
Магашил, Лесковац, Србија
Стрелан од бугарските фашисти

Животопис

уреди

Завршил основно училиште. Уште како младинец им помагал на своите домашни во полската работа, чувал добиток и носел дрва на скопскиот пазар. Имал голема омраза кон бугарските фашистички окупатори, бидејќи извршиле многу злосторства во неговото село. Затоа, кога бил повикан да отслужи воен рок во бугарската окупаторска војска, при запирањето на возот во Лесковац, тој избегал. Веднаш потоа побарал врска со партизаните, па така се приклучил во Пусторечкиот партизански одред. Неговите соборци му го дале прекарот Војкан. Учествувал во многу борби на одредот. Во борбата против бугарските фашисти на 12 март 1942 година, бил заробен. Без судење и сослушување го стрелале кај Магашил, близу Лесковац. Таму бил и закопан.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 103. На |first= му недостасува |last= (help)