Благоја Кочовски
Благоја Кочовски (17 февруари 1930 - 22 мај 2018) - професор, писател и собирач на народно творештво.
Животопис
уредиБлагоја Кочовски е роден на 17 февруари 1930 г. во село Бабино, Демир Хисар. Основно училиште (до четврто одделение) учел во родното село, а седмолетка во село Доленци. Учителска школа завршил во Битола.
По отслужувањето на воениот рок работел како учител во битолското Добровени и демирхисарското село Жван, а во 1965 година како терапевт во Аудиолошкиот центар со деца и возрасни во Скопје. По дипломирањето на Филозовскиот факултет на катедрата за југословенска книжевност и македонски јазик во Скопје се вработил во гимназијата „Панче Арсовски“, каде останал да работи сè до пензионирањето. По пензионирањето се вратил во родното Бабино.
Литературна дејност
уредиКочовски се занимавал со собирачка активност, и има собрано над 1000 страници народно творштво - приказни и песни. Тој е долгогодишен трагач по националните корени на својот народ, но и регистратор на многу вистински настани кои преку своето творештво ги оттргнал од заборав. Благоја Кочовски имал вонредно добро искуство на запишувач.[1]
Дела
уредиБлагоја Кочовски ги објавил книгите:
- „Пашапорт“ (1983);
- „Земја за сонување“ (1989, книга посветена на корените на својата семејна лоза);
- „Учителот Максим Попоски“ (2003 г. во соавторство со Добре Тодоровски);
- „Откорнати“ (2005).
Наводи
уреди- ↑ Од предговорот на Горјан Петревски, „Потресна хроника на еден живот“ во „Откорнати“, стр. 8, издавач: Македонска реч, 2005, ISBN 9989-163-08-1