Битолски албански клуб
Битолски албански клуб „Единство“ (Bashkimi) — политичка организација на Албанците во Битола, центарот на Битолскиот Вилает во Отоманското Царство, која постоела од 1908 до 1909 година.[1]
Основана | 1908 |
---|---|
Укината | 1909 |
Вид | политичка организација |
Седиште | Битола |
Место | Османлиско Царство |
Членство | Албанци |
Клубот се појавил откако била дозволена легална политичка активност по Младотурската револуција од јули 1908 година. Вакви клубови се појавиле во другите два вилаетски центри - Солун и Скопје, а подоцна и во Дебар. Клубовите од Солун и Скопје ја претставувале проотоманската струја во албанската политика, додека битолскиот клуб ја претставува националистичката. Битолскиот клуб имал своја програма и работел независно од останатите. Нивната главна задача била да се отворат албански училишта и да го решат прашањето за писмото - кое писмо да го го користи албанскиот јазик - латинско, арапско или грчко писмо. Битолскиот клуб ја поддржувал латиницата и на негова иницијатива од 14 до 22 ноември 1908 година во Битола се одржал Битолскиот конгрес, на кој била избрана латиницата. Следната 1909 година во клубовите се формираат тајни револуционерни комитети за вооружени дејствија.[1]
Со примена на член 4 од Законот за здруженија, со кој се забранувале организации со етнички карактер, битолскиот клуб се распуштил.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 31. ISBN 978-608-203-023-4.