Битолска воена средна школа
Битолската воена средна школа (турски: Manastır Askerî İdadisi) била формирана во 1847 година од страна на отоманските власти и била една од седумте вакви специјализирани средни училишта во Отоманска Империја. Била сместена во касарната во која денес е сместен НУ Завод и музеј Битола. Во Македонија, овој објект е познат и како „Стара касарна“ на град Битола[1].
Воената школа е особено значајна бидејќи од 1896 до 1898 година во неа се образувал првиот претседател и "татко на модерна Турција", Мустафа Кемал Ататурк.
Познати алумни
уреди- Мустафа Кемал Ататурк (1881–1938), основач на модерна Турција, кој се школувал од 1896 до 1898 година
- Ахмед Нијази-бег (1873–1912), отомански војник, политичар, учесник во Младотурската револуција кој воедно е и еден од почетниците на истата во 1908 година
- Бекир Фикри (1882-1914), офицер
- Хусеин Авни Зајмлер (1877–1930), официер и пратеник во Националното собрание на Турција
- Али Фетхи Окјар (1880–1943), втор премиер на Турција и втор претседател на Турското собрание
- Фуат Булџа (1881–1962), офицер и пратеник во Националното собрание на Турција
- Салих Бозок (1881–1941), офицер и пратеник во Националното собрание на Турција
- Нури Џонкер (1882–1937), офицер и пратеник во Националното собрание на Турција
- Хусрев Гереде (1884–1962), офицер и пратеник во Националното собрание на Турција
- Џеват Абас Гирер (1887–1943), офицер и пратеник во Националното собрание на Турција
- Али Шефкет Шкупи, офицер и прв началник на Главниот штаб на Албанската армија