Бигл (проток)

проток во Чиле и Аргентина

Бигл (шпански: Canal del Beagle; јагански: Onašaga[1]) — проток во архипелагот Огнена Земја на крајниот јужен завршеток на Јужна Америка, помеѓу Чиле и Аргентина.[2] Протокот го дели главниот Големи Остров од разните мали острови во околината како Пиктон, Ленокс и Нуева; Наварино; Осте; Лондондери; и Стјуарт. Низ источниот дел на протокот минува границата помеѓу Чиле и Аргентина, додека западниот е целосно во Чиле.

Бигл
Делумен поглед на протокот Бигл
Протокот Бигл од Тихиот до Атлантскиот Океан.
ПодрачјеТихи ОкеанАтлантски Океан
Координати54°52′32″S 68°8′11″W / 54.87556° ЈГШ; 68.13639° ЗГД / -54.87556; -68.13639
Видпроток
Сливни земјиЧиле
Аргентина
Најг. должина240 км
Населени местаУшуаја, Аргентина
Пуерто Вилијамс, Чиле
Карта

Протокот Бигл, Магелановиот Проток на север и отворениот Дрејков Премин на југ се три морепловни патишта околу Јужна Америка помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан. Највеќето бродски превозници го користат Дрејковиот Премин.

Протокот е долг 240, а широк 5 км на најтесното место. Се протега од островот Нуева на исток до Дарвиновиот Теснец и Куковиот Залив во Тихиот Океан на запад. Околу 50 км од западниот крај се поделени на два разгранока: северно и јужно од островот Гордон. Југозападниот разгранок помеѓу островите Осте и Гордон навлегува во Куковиот Залив. Северозападниот разгранок помеѓу Гордон и Големиот Остров навлегува во Дарвиновиот Теснец, кој е поврзан со Тихиот Океан преку протоците О’Брајан и Баљенеро. Најголемо населено место на протокот е градот Ушуаја во Аргентина, а потоа следува Пуерто Вилијамс во Чиле. Ова се едни од најјужните населени места на светот.

Пловидба

уреди

Иако е пловен за големи бродови, побезбедни се водите на југ (Дрејков Премин) и север (Магеланов Проток).[3] Според договорот за мир и пријателство помеѓу Чиле и Аргентина од 1984 г., бродовите од други држави пловат со чилеански спроводник помеѓу Магелановиот Проток и Ушуаја низ протокот Магдалена и протокот Кокберн во Тихиот Океан, а потоа до протоците Баљенеро, О’Брајан и северозападниот разгранок на протокот Бигл.[4]

Острови

уреди

Протокот Бигл е сместен помеѓу острови кои се протегаат низ доста голем дел од регионот; на север е аргентинско-чилеанскиот Голем Остров, на југ се Осте, Наварино и Пиктон и Нуева, на кои до 1984 г. полагала право Аргентина. Последните два се наоѓаат во источниот влез на протокот, додека западниот влез е целосно во Чиле. Западниот влез на протокот Бигл е поделен од островот Гордон на два помали протока. Во него постојат ситни острови како Снајп и Гејбл. Со исклучок на Големиот Остров и Гејбл, сите досега споменати острови му припаѓаат на Чиле.

Историја

уреди

Народот Јагани се населил на островите долж протокот Мари пред околу 10.000 години. Има значајни археолошки наоѓалишта од овие населби на места како заливот Вулаја на островот Наварино.[5]

Посета на Дарвин и именување

уреди

Протокот е наречен по бродот „Бигл“ за време на првиот хидрографски премер на јужните брегови на Јужна Америка, извршен од 1826 до 1830 г. За време на експедицијата, капетанот Прингл Стоукс извршил самоубиство и бил заменет со Роберт Фицрој. Бродот продолжил со премер во второто патување на „Бигл“ под команда на Фицрој, кој со себе го повел Чарлс Дарвин како природонаучник. На 29 јануари 1833 г. бродот впловил во протокот и Дарвин за првпат видел ледници, кои длабоко го воодушевиле.[6][7]

Судир за Бигл

уреди

Неколку мали острови (Пиктон, Ленокс и Нуева) сè до ’ртот Хорн биле предмет на долготраен судир помеѓу Чиле и Аргентина; според одредбите на Договорот за мир и пријателство од 1984 г. тие денес се во Чиле.[3] Од 1950-тите до 1970-тите во каналот се случиле неколку инциденти помеѓу припадници на чилеанската и аргентинската морнарица.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Piepke, Joachim G.; Striegel, Angelika (2017). „The Last Yagan: Reminiscences of Cristina Calderón from Tierra del Fuego“. Anthropos. 112 (2): 562–568. doi:10.5771/0257-9774-2017-2-562. ISSN 0257-9774. JSTOR 44791391. Посетено на 17 февруари 2022.
  2. Sergio Zagier, 2006
  3. 3,0 3,1 Laudy, Mark (2000). „The Vatican Mediation of the Beagle Channel Dispute: Crisis Intervention and Forum Building“. Во Greenberg, Melanie C.; Barton, John H.; McGuinness, Margaret E. (уред.). Words Over War:Mediations and Arbitration to Prevent Deadly Conflict. Lanham, Md.: Rowman & Littlefield. ISBN 978-0-8476-9893-6.
  4. Peace and Friendship Treaty of 1984
  5. C. Michael Hogan, 2008
  6. Charles Darwin, Voyage of the Beagle (New York: Collier, 1909), chapter 10, p. 240.
  7. Herbert, Sandra (1999). „An 1830s View from Outside Switzerland: Charles Darwin on the "Beryl Blue" Glaciers of Tierra del Fuego“. Eclogae Geologicae Helvetiae. стр. 92, 339–46. Посетено на 22 декември 2008.
  8. Keynes 2001, стр. 227

Надворешни врски

уреди