Бибер и чоколада (португалски: Chocolate com Pimenta), е романтична историска бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил во текот на 2003 / 2004 година, со 203 епизоди за национално ниво и 170 епизоди за меѓународен пазар. Првата епизода достигнала гледаност 37% а последната епизода ја гледале 43% од населението.

Бибер и чоколадo
Жанрдрама, теленовела, историска
Создадена одВалцир Караско
УлогиМаријана Шименез
Мурило Бенецио
Присцила Фантин
Елизабет Савала
Воведна темаChocolate com pimenta, Deborah Blando
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди170
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување8 септември 2003 – 8 мај 2004
Хронологија
СледбеникКабокла (2004)
Надворешни врски
Мрежна страницаredeglobo.globo.com/Chocolatecompimenta/0,19125,2852,00.html

Синопсис

уреди

Приказната се одвива во почетокот на 20 години од 19 век. Младата девојка Ана Франциска после смртта на нејзиниот татко, заминува да живее кај нејзината баба и остатокот на фамилијата во мал бразилски град Вентура. Ана таму оди на училиште, но сите ја навредуваат бидејќи е неугледна. Ана се заљубува во големиот заводник Данило, и сонува како еден ден ќе се ожени за него. Данило веќе долго време е во врска со заносната Олга, која е сигурна дека Данило ќе се ожени со неа, но не ни помислува дека Даниело презира брак и не сака никогаш да се ожени со неа. Олга постојано го заведува Данило и ќе го натера пред сите да ја навреди Ана Франциска, како би била сигурна дека Данило нема да има ништо со неа. Данило и го скршува нејзиното срце. Но, пред тоа, Ана спиела со Даниело, и останала бремена. Стариот газда на фабриката “Бомбон” се заљубува во Ана, и и го понудува своето презиме и прилика тој да го одгледа нејзиното дете. Ана одлучува да се венча за стариот Лудовико и отпатува со него во Аргентина. Седум години подоцна, Ана се враќа во Вентура, сега станала ладна и пресметлива дама од високата класа, многу е богата, но и убава. Лудовико умрел и и го оставил нејзе целото богатство. Ана е одлучна во намерата да им се одмазди на сите кои ја навредиле, да ги уништи сите бидејќи никогаш не заборавила што и направиле Данило и Олга пред многу години.

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Марија Шименез Ана Франциска Маријадо да Силва Канто е Мело Албукерке
Мурило Бенецио Данило Родригес Албукерке
Присцила Фантин Олга Гонцалвес Лима Пеиксото
Елизабет Савала Језебел Канто е Мело
Дрика Мораес Марсија Маријано де Силва е Силва
Марсело Новаес Тимотео Маријано де Силва е Силва

Интернационално издание на музика од серијата

уреди

Интернационално издание

уреди
  1. I´m in the Mood for Love - Rod Stewart
  2. Everytime We Say Goodbye - Steve Tyrell
  3. Hey There - Bette Midler
  4. (Somewhere) Over the Rainbow - Luiza Possi
  5. In the Mood - Glenn Miller
  6. Puttin´on the Ritz - Fred Astaire)
  7. Night and Day - Ella Fitzgerald
  8. Mack the Knife (Moritait) - Louis Armstrong
  9. Stormy Weather (Keeps Rainin´all the Time) - Etta James)
  10. Lover - John Williams & Boston Pops Orchestra
  11. Chocolate Waltz - The John Windsor Company
  12. Good Old Times - Swinging Jellys
  13. Curly Little Girl - Charlie Robins Band

Бибер и чоколадо на Балканот

уреди

Србија: Тв Кошава
Бугарија: Евроком
Црна Гора: РТЦГ
Босна и Херцеговина: БХТ1

Надворешни врски

уреди