Беглербег

(Пренасочено од Бејлербег)

Беглербег (турски: beylerbeyi) претставувала титула во Османлиското Царство која била користена од страна на управителите на ејалетите односно покраините.

Беглербег

Управителот беглербег имал титула на паша па поради ова неговата територија се викала и пашалак. Беглербегот управувал со војска на чело со спахиите.