Беса (завет)
Беса (албански: besë) – чесен збор, даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на Албанците; ветување.[1]
Зборот беса на албански јазик значи залог за чест.[2] Концептот се заснова на држење на својот збор во облик на лојалност или како гаранција за верност.[3] Беса содржи обичаи за обврски кон семејството и пријател за интерен ангажман, лојалност и солидарност во меѓусебниот однос и тајност во однос на туѓинците.[3] Бесата е исто така главен дел во концептот на аманет (доверување на чување или извршување на нешто, потпирајќи се на чест[4]).[3]
Концептот беса е вклучен во Канунот на Лек Дукаѓин, обичајното право на Албанците.[3] Бесата била битна институција во племенското општество на албанските планинци.[5] Албанските племиња положиле заклетва за заедничка борба против владата и од овој аспект служела за поддршка на племенската независност.[5] Бесата се користела за регулирање на меѓуплеменските работи како и интерните во самото племе.[5] Отоманската влада ја користела бесата како начин за соработка со албанските племиња за поддршка на државната политика или за склучување договори.[5]
За време на отоманскиот период, бесата била цитирана во владините извештаи за албанските немири, особено во однос на племињата.[6] Бесата имала централно место во албанското општество во однос на добивање воена и политичка моќ.[7] Во време на буни на Албанците против Османлиите, бесата делувала како врска меѓу различни групи и племиња.[8]
Наводи
уреди- ↑ „беса“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Gawrych 2006, стр. 1, 9.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Di Lellio, Anna; Schwanders-Sievers, Stephanie (2006). „The Legendary Commander: The construction of an Albanian master‐narrative in post‐war Kosovo“ (PDF). Nations and Nationalism. 12 (3): 519–520. doi:10.1111/j.1469-8129.2006.00252.x.
- ↑ „аманет“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Gawrych 2006, стр. 36.
- ↑ Gawrych 2006, стр. 119.
- ↑ Gawrych 2006, стр. 119–120.
- ↑ Gawrych 2006, стр. 120.