Снижувалка

(Пренасочено од Бемол)

Снижувалка или бемол[1] (♭) — музички предзнак кој означува снижување на тоновите пред него за полустепен. На имињата на вака снижените тонови се додава наставката -ес. Во овој случај, ако тонот е означен со самогласка, се губи e и се додава само . На пример цес (снижено це), ес (снижено e), ас (снижено a) итн.

Снижувалка пред нотата во првата празнина на нотниот систем
Двократна снижувалка пред нотата во првата празнина на нотниот систем

Во нотниот запис има потреба некој тон да се снижи и двапати, и во таа прилика се користи двојна снижувалка која се пишува со тесно поврзување на двете снижувалки пред нотата. Тоналитетите во чии предзнаци се јавуваат овие снижувалки не се практични и затоа многу ретко се среќаваат вон теоријата на музиката.

Запис

уреди

Знакот обично се пишува така што површината оградена со неговиот долен дел го означува местото на тонот што се снижува. Во рамките на нотниот систем, тој е во празнината, односно на линијата. Вон системот, неопходно е да се исцртаат помошни линии, како што би се правело за ноти.

Употреба

уреди

Постојат две можни употреби на овој знак:

  • Пред клучот или на местото на промената на тоналитетот, овој знак го означува снижувањето на секој следен тон што го опфаќа, до следната промена на тоналитет.
  • Во рамките на тактот, овој знак означува снижување на секој следен тон опфатен со него, но само до крајот на тактот.

Наводи

уреди


Музичка нотација
Нотен систем предзнацитакттактица
Ноти помошни линииточкаснижувалкаповишувалкаразрешувалкапаузалигатура
Kлучеви виолинскиалтовскибас-клуч
Предлошка:Бар теорија на музиката