Разрешувалка
Разрешувалка или бекар (♮) — предзнак во музичката нотација што го негира дејството на повишувалка или снижувалка што се наоѓа во истата празнина или линија на нотниот систем.
Запис
уредиРазрешувалка се означува така што површината опфатена со нејзините четири линии ја опфаќа линијата или празнината на која се наоѓа тонот што треба да се „разреши“. Доколу се бележи вон границите на нотниот систем, помошните линии треба да се напишат како за ноти.
Употреба
уредиРазрешувалката се користи на неколку места во музичките дела:
- За разрешување тонови во рамки на еден такт, каде што има смисла да се користи само на оние тонови што се повишени или снижени, бидејќи нема ефект врз другите.
- Експлицитно да се означи престанок на важност на предзнакот на еден тоналитет. Како на долната слика
Разрешувалките на местата на тоновите ha, e и a експлицитно е означено дека претходните предзнаци Ес-дур односно Це-мол повеќе не важат, по што се наведуваат новите предзнаци Е-дур односно Цис-мол.