Бел свиркач
Бел свиркач | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Мочварки |
Род: | Пескарки |
Вид: | Бел свиркач |
Научен назив | |
Calidris alba Палас, 1764 | |
Распространетост. Црната линија ја означува јужната граница. |
Бел свиркач или трипрста пескарка (науч. Calidris alba, syn. Crocethia alba[2] или Erolia alba) — мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (науч. Calidris). Го има и во Македонија.
Распространетост
уредиЖивее и се размножува во арктичките предели. Птица преселница е – на долги релации, зимувајќи во јужниот дел на Јужна Америка, јужна Европа, Африка и Австралија. Зимно време формира големи јата.
Опис
уредиБелиот свиркач е мала птица, со должина 18-21 см, и тежина од 40 до 100 грама, а забележлив е заради неговите светли пердуви. Горната страна е светлосива или сива, а долната страна е бела. Има црни рабови на крилјата. Исто така, имаат црн клун и нозе, со три прста, задните пети недостасуваат. Во лет, имаат сребрено-сива боја. Летно време горниот дел добива шарена кафеава боја, која се протега низ главата и на градниот кош. Младенчињата се пошарени, црно-бели и имаат повеќе контраст од возрасните.
Поведение
уредиБелите свиркачи се размножуваат на север, во арктичките делови на светот. Сите се селат и летаат од 3 до 10.000 км за презимување. Стигаат доцна во март, а заминуваат рано, при крајот на август.[3] Се огласуваат со кротки звуци како плит, тик, тивик.
Размножување
уредиГнездата ги прават во крајбрежните тундри на 5 °C во јули, на посуви каменести делови од 60 до 800 мнв. Белиот свиркач агресивно ја брани својата територија. Овие птици може да бидат моногамни или полиандрични (една женка и два мажјака).[3] Несат 3-4 јајца маслинаво зелени со кафени шарки. Се случува да имаат и по две гнезда. Крај гнездото се хранат со инсекти и растенија.
Исхрана
уредиБелиот свиркач се храни со безрбетници, ракчиња и црвчиња кои се кријат во горниот дел од песокот на брегот. Брановите им помагаат полесно да дојдат до својот плен исфрлувајќи ги на површина.[4] За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Calidris alba“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ Kirwan et al. (2008) The Bird of Turkey spell this alternative genus Crocerthia
- ↑ 3,0 3,1 Macwhirter, Bruce; Peter Austin-Smith, Jr. and Donald Kroodsma (2002). „Sanderling (Calidris alba)“. The Birds of North America Online. Ithaca: Cornell Lab of Ornithology. doi:10.2173/bna.653. Посетено на 29 April 2009.
- ↑ Schultz, Stewart T. The Northwest Coast: A Natural History. (1990) Timber Press, Inc. Portland, Oregon. p129-130
Надворешни врски
уреди- Sanderling – Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Sanderling videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection
- Sanderling Species Account — Cornell Lab of Ornithology
- Sanderling Calidris alba — USGS Patuxent Bird Identification InfoCenter