Бел нуркач
Бел нуркач | |
---|---|
Мажјак (горе) и Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Merginae |
Род: | Mergellus Selby, 1840 |
Вид: | Бел нуркач |
Научен назив | |
Mergellus albellus (Linnaeus, 1758) | |
Синоними | |
Mergus albellus |
Бел нуркач (латински: Mergellus albellus) е вид на птица од семејството патки, и е единствен член од родот Mergellus. Ја има во Македонија. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското Езеро[1]
Распостранетост
уредиОвој вид патки најмногу е распостранет во северниот дел на Европа и Азија, а во зима, ги наоѓаме во скриените брегови на Балтичкото и Црното Море. Во помал број, ги среќаваме во Велика Британија, Германија, а некои скитници биле забележани и во Северна Америка.
Опис
уредиОваа патка, со својот изглед , не можеме да ја погрешиме. Женките и незрелите мажјаци се сиви со костенливи чела и капи, крилјата им се бели, а клуновите им се со испакнат врв што им помага да фаќаат риби. Долги се 38-44 сантиметри.
Живеалиште
уредиТие живеат покрај вода, а во лето престојуваат во тајгата (шумска зона која се протега од северна Скандинавија и Сибир, па сè до тихоокеанскиот брег). Во зима, тие летаат на југ, крај реките и често далеку од дрвја.
Исхрана
уредиСе хранат со риби до 6 см должина, водни инсекти, по кои нуркаат во плитките води.
Размножување
уредиГнездата ги поставуваат во шуплините во дрвата, кои најчесто се направени од клукајдрвците. Несат во мај, од 6 до 9 јајца со крем-боја.
Галерија
уреди-
Мажјак
-
Женка
-
Museum specimen
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Бел нуркач“ на Ризницата ? |
- Smew media Архивирано на 13 мај 2013 г. on the Internet Bird Collection