Бел Стар (филм од 1941)
„Бел Стар“ (англиски: Belle Starr) – американски филм од 1941 година, во режија на Ирвинг Камингс (Irving Cummings) по сценариото на Ламар Троти (Lamar Trotti), Нивен Буш (Niven Busch) и Камерон Роџерс (Cameron Rogers). Главните улоги ги толкуваат: Џин Тирни (Gene Tierney), Рандолф Скот (Randolph Scott), Дејна Ендрјус (Dana Andrews), Шепард Страдвик (Shepperd Strudwick), Елизабет Патерсон (Elizabeth Patterson) и Чил Вилс (Chill Wills). Филмот е заснован врз вистинска историска личност, познатата одметничка од Југот на САД, Бел Стар (Belle Starr), но не ја прикажува нејзината биографија.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива во Мисури, непосредно по завршувањето на Граѓанската војна во САД. Додека нејзиниот брат Ед (го игра Страдвик) се борел на страната на Југот, преубавата и пркосна Бел Ширли (ја игра Тирни) се грижела за семејниот имот. Ед се враќа дома, свесен дека војската на Југот е поразена, но Бел не сака да ја прифати стварноста. На својот имот, тие приредуваат свечена вечера на која е повикан и офицерот Томас Грејл (го игра Ендрјус), кој е вљубен во Бел. За време на вечерата, во куќата пристигнува злогласниот одметник од Југот, капетанот Сем Стар (го игра Скот) и меѓу него и Бел веднаш се раѓа љубов...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |