Беловата вештерка
Беловата вештерка е легенда што настанала во почеток на XIX век во близина на денешниот град Адамс во САД.[1]
Легенда
уредиЏон Бел е роден во 1750 година и по професија бил фармер. Во 1817 година на полето со пченка забележал чудно животно за кое рекол дека има тело на куче и глава на зајак. Тргнал по пиштол, но тоа животно исчезнало. Таа вечер тој и неговото семејство слушнале чудни звуци околу својата куќа. Во неделите кои следeле, Џоновите деца се жалеле дека во ноќта предмети летале по нивната соба. Некои луѓе мислиле дека некој од семејство имал телекинетичка сила, за да го исплаши семејството. Семејството Бел ја обвинило нивната соседка Кејт Батс дека е вештерка, дека ги плаши поради нивните лоши односи кои ги имале во тоа време. Набргу е откриено дека таа не можела да биде вештерка, затоа што умрла 6 години после Џон Бел.
Според легендата, вештерката ја маѓепсала Џоновата ќерка Бетси, поради често паѓање во несвест, и чудното однесување. Денес се мисли дека таа имала епилепсија. Џон Бел починал на 20 декември во 1820 година. Легендата зборува дека вештерка го отрула во приспиење, но денес се мисли дека тој изел нешто отровно. По погребот неговото семејство изјавило дека при погребот вештерката се смеела многу гласно и дека молитвата не можела да се чуе. После Џоновата смрт вештерката престанала да го прогонуво семејствето Бел.[2] Синот на Џон Бел, Ричард, после 20 години напишал книга за Беловата вештерка, во која опишал како ги плашела вештерката.
Бел денес
уредиКуќата на семејтвото Бел сè уште постои, а во близина постои пештера за која многу мислат дека е куќата на Беловата вештерка. Многу луѓе тврдат дека од таа пештеера се слушаат гласни гласови.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Беловата вештерка“ на Ризницата ? |
- Tennessee Myths and Legends: Bell Witch Tennessee State Library and Archives Exhibition.
- The Bell Witch by paranormal author and historian Pat Fitzhugh.
- The Historic Bell Witch Cave Proprietary website for recreational and tourist information.
- Prairie Ghosts – The Bell Witch Cave Архивирано на 9 јануари 2006 г. Paranormal webpage includes additional cave detail.
- "A Witch As Was A Witch" Article by Irvin S. Cobb for McClure's, published in 1922. Includes a family anecdote that his great grandfather witnessed the haunting and was convinced of the legitimacy.
- Bell Witch Fall Festival Destination site for annual Robertson County theater events organized by the non-profit Community Spirit, Inc.