Белица (Пајак)

река во Ениџевардарско, Егејска Македонија

Белица (Оборска Река или Обор, грчки: Ρέμα Αραβησσού) — река во Ениџевардарско, Егејска Македонија.[1][2]

Белица
Ρέμα Αραβησσού
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајЕниџевардарско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоПајак
 • координати40°53′06″N 22°18′10″E / 40.8849° СГШ; 22.3029° ИГД / 40.8849; 22.3029
Устие 
 • место
Колудеј
 • координати
40°43′41″N 22°24′21″E / 40.7281° СГШ; 22.4057° ИГД / 40.7281; 22.4057
Особености на сливот
Белица (Пајак) во рамките на Постол (општина)
извор
утока

Течение

уреди

Реката извира од планината Пајак западно под врвот Три Бари под името Кудере. Тече на југ и минува низ селото Обор, а потоа под името Обор тече на југозапад. Кај селото Ѓупчево свртува на југоисток. Проаѓа меѓу селата Карајотица и Балџа, па ја прима големата лева притока Грамада и влегува во каналски систем направен во 1930-тите по пресушувањето на Ениџевардарското Езеро. Се влева во Колудеј на местото на поранешното езеро како вештачки канал заедно со Ениџевардарскиот Канал.[2]

Наводи

уреди
  1. „Λουδίας“. Natura Graeca. Посетено на 22 февруари 2023.
  2. 2,0 2,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“