Белисима е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил и Санторини, Грција, во текот на 2005 и 2006 година, со 209 епизоди за бразилското население, а 180 за меѓународниот пазар. Серијата имаше огромен успех во Бразил, а голема причина беше тоа што оваа серија се емитуваше во ударниот термин. Последната епизода во Бразил ја гледале 60% од населението.

Белисима
Жанрдрама, теленовела
Создадена одСилвио де Абреу
УлогиГлорија Пирес
Тони Рамос
Фернанда Монтенегро
Клаудија Абреу
Воведна темаVocê é linda, Каетеано Велосо
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди180
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување7 ноември 2005 – 8 јули 2006
Хронологија
СледбеникСтраници на животот (2006–2007)
Надворешни врски
Мрежна страницаbelissima.globo.com/Novela/Belissima/0,,4988,00.html

Синопсис уреди

Симпатичната и успешната жена, Хулија Асункао е претседателка на "Белисима", светска позната фирма за долна облека. Нејзината баба, Биа Фалкао е потрпретседателка на фирмата, и цело време ја понижува Хулија, зборувајќи и како никогаш нема да биде успешна и убава како нејзината мајка Стела Асункао, која била познат модел, мит на вистинската убавине во 60те. Основачот на марката "Белисима", Стела загинала во авионска несреќа заедно со својот сопруг, оставајќи ги децата, Хулија и Педро, на милост и немилост на бабата Биа. Од тој ден, Биа станува одговорна за нејзините внуци, и станува жена која ги одгледала, и која до ден денес ги контролира нивните животи. Во куќата на Биа и Хулија живее и Архемиро Фалкао, братот на Биа, и гувернерката Матиде. Злобната Биа ќе направи се само да ја прекине романсата помеѓу Педро и Викторија, девојка која заработувајќи пари за живот продавала карти на улицата во Рио. Педро ја избрал Викторија да стане негова жена. а со тоа Биа никако не се сложува. Заради тоа, Педро и Викторија се преселиле во Грција, каде држат ресторан, заедно со големиот пријател Никос Петрацис, братот на Викторија, Тадео и ќерката на Викторија и Педро, Сабина. Но, единствнетата преокупација на Биа не е прекинувањето на врската на Педро и Викторија, туку и прекинувањето на врската на Андре Сантана, младо момче со нејзината внука Хулија. Но, не е се како што се чини. Во Грција жовее Гркот Никос Петракис, весел и работлив човек, кој е пријател на фамилијата на Педро, од времето кога тие дошле во Грција. Но, Никос, чува една тајна , која никој не ја знае. Никос има син во Бразил, Цемил, кој како дете, го одвела неговата мајка Катина. Катина побегнала заедно со Турко Мурат Гунеј, кој мисли дека Цемил е негов син. Катина ја крие тајната од Мурат, со помош на својата голема пријателка Тоска. Но, ни Мурат не е без тајна, тој наводно одамна бил во брак со Биа Фалкао, а таа тајна ја чува со својот пријател Пепе. Катина и Мурат имаат две деца, Сафира и Нарцис. Сафира моментално е во 5от брак и има три деца, а секое дете има друг татко. Била во брак и со Алберто Сабатини со кој има ќерка Џована; после него, била во брак со Португалец кој побегнал и ја оставил Сафира со черката Марија Жоао; и подоцна Сафира се венчала за Израелецот, Фреди со кој има син Исаак. Потоа уште еднаш се венчала со Алберто, за на крајот да биде со Јапонецот Такае. Сафира се обидува да ја скрие привлечноста која ја чувствува спрема механичарот Паскоал, кој држи гаража за поправање на автомобили и мотори заедно со работникот Јаманто. Се запознаваме и со ликот Орнела, весела постара жена, која е сестра на Алберто и најдобра пријателка на Биа Фалкао. Таа претпочита врска со млад маж, и моментално одржава врска со Матеус, најстариот син на Цемил. Освен Орнела, го имаме и ликот Мери Монтил, бивша пејачка и водителка на детски програм, која емисијата ја водела со нејзината пријателка Гвида Гевара. Иако сега не се толку добри, Гвида и Мери делеле тајна - и двете ја знаат нејзината страшна тајна - а тајната е дека Биа има дете со Турко Мурат. Една од најголемите мистерии на оваа приказна е : Кое е детео на Биа Фалкао? Освен тоа, во серијата се прикаќуваат и мистериите за таинствениот убиец.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Глорија Пирес Хулија Фалкао
Тони Рамос Николас Петракис
Фернанда Монтенегро Биа ( Беатриз Фалкао )
Клаудија Абреу Викторија Роча
Марсело Ентони Андре Сантана
Лима Дуарте Мурат Гунеј
Ирене Лаваче Катина Соломос
Клаудија Раја Сафира Соломос
Рејналдо Гианечини Паскоал да Силва

Интернационално издание на музика од серијата уреди

Интернационално издание уреди

  1. "You're beautiful" - Џејмс Блант
  2. "The Blower's Daughter" - Дамијен Рице
  3. "Quelqu'un m'a dit" - Карла Бруни
  4. "Mind trick" - Џејми Кулум
  5. "Seven days in sunny June" - Јамирокуаи
  6. "Perfect love" - Симпли Ред
  7. "Because of you" - Кери Кларксон
  8. "Suddenly I see" - Кт Тунстал
  9. "All the way" - Мајкл Болтон
  10. "Dance me to the end of Love" - Маделеин Пејрокс
  11. "Fake" - Лора Виз
  12. "Έπεφτε βαθιά σιωπή" ("Épefte vathiá siopí") - Јанис Поулополус
  13. "Usted" - Луис Мигел
  14. "Suave" - Слоу Даун
  15. "Quando ti penso" - Паоло

Белисима на Балканот уреди

Бугарија: Нова ТВ
Грција: Алфа ТВ

Надворешни врски уреди