Страници на животот

Бразилски телевизија

Страници на Животот е романтична бразилска теленовела. Серијата е снимена во Бразил и Амстердам, Холандија, во текот на 2006 и 2007 година, со 203 епизоди за бразилското население, а 130 за меѓународниот пазар. Серијата имаше огромен успех во Бразил, а голема причина беше тоа што оваа серија се емитуваше во ударниот термин. Првата епизода достигнала гледаност до 48% а последната епизода ја гледале 53% од населението.

Страници на Животот
Жанрдрама, теленовела
Создадена одМаноел Карлос
УлогиРехина Дуарте
Лилија Кабрал
Маркос Карусо
Тарцисио Меира
Воведна тема“Wave” Том Џобин
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди150
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување10 јули 2006 – 2 март 2007
Хронологија
СледбеникТропски рај (2007)
Надворешни врски
Мрежна страницаpaginasdavida.globo.com

Синопсис

уреди

Студентката Нанда ја запознава Оливија во Амстердам, и стануваат големи пријателки. Оливија е на меден месец заедно со својот сопруг, Силвио. Оливија и Нанда делат интереси за уметноста, бидејќи и самата Оливија е сопственичка на една галерија. Во едно од своите сретнувања, Нанда и открива на Оливија како е трудна од страна на својот љубен Лео, но он сакал да се посвети на својата иднина и и рекло дека немал намера да ја издржува неа ниту децата. Нанда одлучува да се врати во Бразил, оставајќи го Лео и се враќа во Бразил тропајќи на вратата на нејзината мајка, која ја одбива неа и децата кои ги носи. Изнервирана, Нанда излегува од куќата и е прегазена на улица, и веднаш е префрлена во болница каде работи докторката Хелена. Нанда носи близнаци, но девојката не успева да преживее и умире, но пред тоа Хелена успева да го спаси бебето. Но, едно од бебињата, девојчето има Даунов синдром, и е избркана од страната на зловната Марта, мајката на Нанда, која одлучува да го земе момчето и да го одгледува до крајот на животот. Докторката Хелена одлучува да го посвои девојчето, малата Клара. Хелена е жена која изгубила многу работи во животот, и девојчето станува причина за нејзиниот живот. Но, таа ја крие тајната од дедото на близнаците, Алекс, како неговата внука е жива, плашејќи се дека малата Клара ќе падне во рацете на Марта. Двајца мажи, нејзиниот сопруг Грег и бившиот дечко од младите денови, инфектологот Диого се борат за нејзината љубов. Но, на Хелена на патот и застанува Оливија, која знаела за бременоста на својата пријателка Нанда, и која сега е во врска со Лео, после многу години кога се вратила во Бразил и била разведена од Силвио. Лео дознава дека има син, но не ни помислува дека ќерката на Хелена е негова. Набргу, и самата Хелена, ќе мора повторно да организира средба со Марта. Освен приказната со Хечена, и други животни приказни се наоѓаат во оваа теленовела. Ана е анорексична жена која ја присилува нејзината ќерка Жизел да започне балетска кариера и да симне килограми. Фотографката Изабел се бори против чувствата кои ги чувствува спрема, исто така колегата фотограф, Ренато, кој е во брак. Тереса е една нежна и драга жена која живее во брак со Нестор, со кој не дели исти интереси. Ова се страните на животот... страните на една приказна за која луѓето не знаат крај...

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Рехина Дуарте Хелена Камарго Варела
Лилија Кабрал Марта Толедо Флорес
Маркос Карусо Алекс
Тарцисио Меира Тиде
Тиаго Родригес Лео
Ана Паола Аросио Оливија Фрагосо Мартинс де Андраде Дуарте
Хосе Мајер Грег
Тиаго Лацерда Хорхе Фрагосо Мартинс де Андраде
Едсон Целулари Силвио Дуарте

Карактеризација

уреди

Рехина Дуарте Хелена Хелена е медицинска сестра и живее во стан на Леблон, удебоен но не луксузен. Не се смета за мајка, бидејќи единствената ќерка и умрела на пораѓај. Кога серијата започнува таа има кризи во бракот со Грегорио (Грег). Со неа живеат нејзината работничка Лидија, и синот на бившата слугинка, Салвадор. Селма е нејзината најдобра пријателка. Во болницата каде што работи, има љубовна врска со Диого, маж со кој била уште на колеџ.

Лидија Кабрал Марта Мајка на Нанда и Серхио, и жена на Алекс. Марта е жена со тешко срце. Таа е себична и секогаш ја гледа негативната страна на работите. После испраќањето на нејзината ќерка на универзитет во Амстердам, таа станува се позлобна. Кога ќе открие дека нејзината ќерка е бремена, ќе направи се само да не се роди детето кое го очекува таа, се разбира тоа е детето со Даунов синдром.

Тарцисио Меира Тиде Аристидес Мартинс де Андраде, или едноставно Тиде, наполнува 70 години, на почетокот на серијата. Наследил земја и говеда од неговиот татко, кој бил фармер во внатрешноста на Саун Пауло. После смртта на неговиот татко тој заминал во селското училиште и таму ја запознал учителката Лалиња, неколку години помлада од него. Се венчале и имаат шест деца: Кармен, Леандро, Елиса, Марсија, Оливија и Хорхе, и секогаш сакал да биде близу неговата фамилија.

Фернанда Васконселос Нанда Нанда е ќерка на Марта и Алекс, која студира историја на дизајн во Амстердам. Се заљубува во Лео, исто така студент, но тој е на крај со испитите. Тој е млад, интелегентен и романтичен, и кој исто така студира во главниот град во Холандија, со пари кои му ги праќа неговата фамилија. Дознава дека е бремена, и очекува да биде прифатена од нејзиното момче, но Лео се спротивставува на новоста, велејќи и да одбира помеѓу него и бебето кое го очекува. Таа го одбира бебето, а тој заминува и ја остава сама. Таа се спријателува со Оливија и си разменуваат тел. броеви. Двете се враќаат во Рио, но се случува трагичен настан. Нанда раѓа близнаци, но девојчето има Даунов синдром.

Ана Паула Аросио Оливија Оливија е прекрасна девојка со весел дух. На почетокот на приказната таа се венчава за Силвио, на имотот на нејзините родители Тиде и Лалиња. Таа е уметник, и подготвува Училиште за уметност. Во текот на медениот месец во Амстердам, се запознава со Нанда, и се спријателуваат. А по враќањето, таа останува бремена.

Тиаго Родригес Лео Лео е момче на Нанда, и студент во Амстердам. Има 23 години на почетокот на серијата. Лудо е вљубен во Нанда, но по сознанието дека таа е бремена, под притисоци од неговиот татко, кој живее во Лондон, решава да ја остави Нанда сама во Амстердам. После 5 години се враќа повторно и тоа во Рио де Жанеиро.

Наталија до Вале Кармен Кармен е најпроблематичниот член во фамилијата, но исто така и една од најубавите. Таа е мажена за Бира, но не чувствува многу љубов кон него. Таа одржува тајна врска со Грег, работникот на нејзиниот татко, но прави се никој да не ја открие. Таа е во конфликт со нејзината ќерка Марина, со која имала неколку судири. Сака да живее покрај опасни ситуации, и поради тоа е голема авантуристка.

Хосе Мајер Грег Грегорио, или како што сите го нарекуваат Грег, живее заедно четири години со неговата жена Хелена. На почетокот тие имале успешна врска но после неколку години се станало пеколно. Грег од една страна има љубовна врска со Кармен, ќерката на Тиде, неговиот газда, а и Хелена имала тајна врска со нејзиниот колега Диого, по што некое време тие двајцата биле разделени.

Интернационално издание на музика од серијата

уреди

Интернационално издание

уреди
  • One Last Cry - Marina Elali
  • Put Your Records On - Corinne Bailey Rae
  • The Hardest Part - Coldplay
  • Cannonball - Damien Rice
  • Colors - Amos Lee
  • Our Day Will Come - Jamie Cullum
  • Why Should I Care? - Diana Krall
  • I Concetrate On You - Dianne Reeves
  • L'Appuntamento (Sentado a Beira do Caminho) - Ornella Vanoni
  • Para Tu Amor - Juanes
  • Ed Ero Contentissimo - Tiziano Ferro
  • Break the Night With Colour - Richard Ashcroft
  • Free Loop - Daniel Powter
  • Shake It - Kasino

Страници на Животот на Балканот

уреди

Бугарија: ЕК

Надворешни врски

уреди