Луис Мигел

мексикански пејач

Луис Мигел Гаљего Бастери (шпански: Luis Miguel Gallego Basteri, роден на 19 април 1970 година)[1][2] — мексикански пејач и музички продуцент.[3][4][5] Случајно бил роден во Порторико.[6] Мајка му била Италијанка, а татко му Шпанец. Често бил нарекуван Ел Сол де Мексико (Сонцето од Мексико), изведено од начинот на кој го викала мајка му како дете: „Ми сол“ (Моето сонце).[7] Луис Мигел пеел различни музички жанрови и стилови, како: поп-песни, балади, болеро, танго, џез, биг-бенд и маријачи. Луис Мигел исто така се смета за единствениот латино-пејач од неговата генерација кој не преминал на англо-пазарот за време на „Латинската експлозија“ во 1990-тите.[8]

Луис Мигел
Луис Мигел во 2008
Животописни податоци
Родено имеЛуис Мигел Гаљего Бастери
Роден(а)19 април 1970(1970-04-19)(54 г.)
Сан Хуан, Порторико
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • музички продуцент
Инструменти
  • Пеење
  • пијано
Период на активност1981–денес
Издавачи
Мреж. местоluismigueloficial.com

И покрај тоа што снимал песни само на шпански јазик, Луис Мигел бил латино-изведувач со најголема продажба во 1990-тите, а негова заслуга била популаризацијата на болеро-жанрот кај пошироката публика.[9] Продал околу 60 милиони музички записи,[10] со што е еден од латино-музичарите со најголема продажба.

Неговата кариера ја започнал во Мексико во 1981 година. На 14-годишна возраст, ја добил неговата прва Греми награда за дуетот со Шина Истон „Me Gustas Tal Como Eres“,[11] со што е еден од најмладите изведувачи добитници на Греми во музичката историја. Во 1991 година, RIAA го прогласила неговиот албум „Romance“ (1991) за еден од најпродаваните латино-албуми на сите времиња.[11] Тој бил прв латино-изведувач кој добил два платинести сертификати за албуми на шпански јазик во САД, за Romance и Segundo Romance. Списанието Билборд го навело како изведувач со најмногу топ-10 хитови на Билбордовата топ-листа латино-песни. Неговиот албум Cómplices, издаден во 2008 година, стигнал до 10-то место на Билборд 200; неговиот последен албум, ¡México Por Siempre!, бил објавен во 2017 година и со него по втор пат се искачил на прво место на топ-листата за регионални мексикански албуми од Билборд.

Луис Мигел е познат и по високата заработувачка од неговите настапи во живо. Тој бил латино-музичар со најголема заработка откако Box score почнал да ги следи податоците за турнеите во 1990 година, со вкупна заработка од 278,5 милиони долари. За време на неговата турнеја Luis Miguel Tour, која започнала во 2010 година, тој посетил 22 држави во Северна Америка, Јужна Америка и Европа, и за три години одржал вкупно 223 концерти; ова била најдолга турнеја и турнеја со најголема заработка од еден латино-музичар. Во октомври 2020 година, списанието Билборд го ставило Луис Мигел на второ место на списокот на „Најдобри латино-музичари на сите времиња“.[12]

Наводи

уреди
  1. „Consulta CURP“ (шпански). Архивирано од изворникот на 3 December 2013.
  2. „Luis Miguel: Biography“. Rovi Corporation. Посетено на 15 June 2012.
  3. „Luis Miguel, el cantante que 'logró' ser mexicano“ (шпански). Reporte Índigo. 19 April 2020. Посетено на 28 March 2021.
  4. „El día que Salinas hizo mexicano a Luismi“. El Universal (шпански). 9 July 2018. Посетено на 28 March 2021.
  5. „Así reveló Luis Miguel que era mexicano y no fue en una rueda de prensa“ (шпански). yosoitú. 9 July 2018. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 2024-06-06.
  6. Tribune, Jon Bream Star. „Mexican superstar Luis Miguel is set for May 26 at Target Center“. Star Tribune. Посетено на 2023-10-10.
  7. „Buzz Briefs: Luis Miguel, Bon Jovi“. CBS News. 8 July 2008. Архивирано од изворникот на 11 August 2013. Посетено на 15 February 2009.
  8. LOPETEGUI, ENRIQUE (20 September 1995). „One World Will Do, for Now : Pop music: 'My language and my world is Spanish,' says Luis Miguel, when asked about his crossover aspirations“. Los Angeles Times (англиски). ISSN 0458-3035. Посетено на 10 June 2018.
  9. HILBURN, ROBERT (20 September 1997). „Luis Miguel's Crossroad“. Los Angeles Times (англиски). ISSN 0458-3035. Посетено на 10 June 2018.
  10. „Luis Miguel regresa a los escenarios“ (шпански). BBC News. 20 July 2010. Посетено на 17 June 2020.
  11. 11,0 11,1 „LUIS MIGUEL: Complices_WARNER MUSIC“. Gaymagazine.cl (шпански). 6 May 2008. Архивирано од изворникот на 12 May 2008. Посетено на 27 September 2011.
  12. Празен навод (help)

Надворешни врски

уреди