Белгиска кујна
Белгиска кујна — кујна карактеристична за Белгија. Таа е широко разновидна со значајни регионални варијации кои ги одразуваат и кујните на соседните земји Франција, Германија и Холандија. Понекогаш се вели дека белгиската храна се служи во количество на германската кујна, но со квалитетот на француската храна. [1] [2] Надвор од земјата, Белгија е најпозната по својата чоколада, вафли, помфрит и пиво.
Иако Белгија има многу карактеристични национални јадења, многу меѓународно популарни јадења како хамбургери и шпагети болоњезе се исто така популарни во Белгија, а повеќето од она што Белгијците го јадат се јаде и во соседните земји. Затоа, „белгиската кујна“ обично се однесува на јадења од белгиско потекло или оние кои се сметаат за типично белгиски.
Белгиската кујна традиционално ги почитува регионалните и сезонските состојки. Состојките типични за белгиските јадења вклучуваат компири, праз, сиви ракчиња, бел аспарагус, белгиск цикорија и локално пиво, покрај вообичаените европски производи, вклучувајќи месо, сирење и путер. Белгијците обично јадат четири оброци на ден, со лесен појадок, среден ручек, ужина и обилна вечера.
Белгија има плејада јадења и производи кои се локални во одредена област. Примерите вклучуваат ватерзој од Гент, бисквит од градот Динан и друго. Иако нивното локално потекло е признато, повеќето такви јадења се јадат низ цела Белгија.
Наводи
уреди- ↑ „Belgian cuisine - General“. www.belgium.alloexpat.com. Архивирано од изворникот на 31 January 2013. Посетено на 14 February 2013.
- ↑ Michael Jackson's Great Beers of Belgium, Michael Jackson, ISBN 0-7624-0403-5
Надворешни врски
уреди- Традиционална белгиска кујна и пиво Архивирано на 22 јуни 2013 г. (in English) од BeerTourism.com