Абисална кутија

(Пренасочено од Бездна кутија)

Абисална кутија — сад кој содржи 16 литри вода со многу висок притисок од 18 мегапаскали за да се симулира природната подводна средина на батијалната фауна која живее на околу 1.800 метри под површината.[1] Изложен е во аквариумот Океанополис во Брест во Франција.[1][2] Дизајниран е од францускиот истражувач Брус Шилито од Универзитетот Пјер и Марија Кири во Париз.[3]

Pandalus borealis е еден од издржливите видови првично избрани да се чуваат во Абисална кутија (Abyss Box)
Длабоки морски зони

Целата опрема што го одржува екстремниот притисок во Абисалната кутија тежи 600 кг [1] Уредот ги одржува живи суштествата кои живеат длабоко за да можат да се проучуваат, особено во однос на нивната приспособливост на потоплите температури на океаните.[1] Во моментов во Абисалната кутија се сместени само обичните видови длабокоморски суштества, вклучително и длабочински рак, Bythograea thermydron и длабокоморските ракчиња, Pandalus borealis, кои се некои од поиздржливите видови со повисока стапка на преживување во средини под притисок.[4] Изложената фауна била собрана од Виктор 6000, специјализирано возило на далечина.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Amos, Jonathan (18 February 2012). 'Abyss Box' to keep deep animals“. BBC News.
  2. Hannah Hoag, Wired Magazine, 06.19.12 ABYSS BOX DISPLAYS DEEP-SEA ANIMALS UNDER PRESSURE
  3. Jennifer Welsh, Deep Sea Life On View in 'Abyss Box' NBC News, 2/21/2012
  4. The age of Aquarius: Inner space is almost as hard to explore as outer space The Economist, March 31, 2012
  5. „Les abysses“. Océanopolis (француски). Посетено на 2023-06-23.

Надворешни врски

уреди