Безделништво
Под безделништво или денгуба се подразбира време што не е поминато на задолжителни активности како работа, образование, деловно работење или домашни задачи. Оваа дефиниција не е строга заради тоа што неопходноста на одредена активноста се разликува од еден до друг човек. Во построга смисла, денгубата се поимува како залудно трошење на времето.[1]
Времето може да се помине на два главни вида безделништво:
- Активно безделништво: активна рекреација, одмор, спорт (џогирање, спорт за забава место за натпревар). Овој вид на безделништво ретко води кон досада.
- Пасивно безделништво: спиење, вид на одмор близок до спиење, „трошење време“. Овој вид на безделништво често води кон досада. Одредени морални кодови го осудуваат овој тип на безделништво додека други го слават.