Феудална кула
Феудалната или Беговската кула е кула во центарот на Скопје во предворието на Домот на АРМ. Таа спаѓа во посебен вид станбена архитектура која истовремено служела и како одбранбен објект.[1]
Заради одбранбениот карактер во долната зона има помал број прозорци и посебен вид отвори за пушки. Единствено на последниот кат има благо издадени балкони од дрво, т.н. теферичи. За греење на кулата биле направени две огништа сместени во ѕидовите на првиот и вториот кат. Третиот кат се затоплувал од оџаците кои поминувале низ него. Скалите кои водат низ кулата се сместени во дебелите камени ѕидови чија широчина изнесува 1,45м.
Изградена кон крајот на XVII век и во почетокот на XVIII век. Висока е 14 метри со квадратна основа 7,5м х 7,5м. Во почетокот на XX век била сопственост на скопското семејство Кулели. Денес во неа е сместена спомен собата на Мајка Тереза, родена во Скопје.
Наводи
уреди- ↑ „Беговска кула“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2018-07-12. Посетено на 2011-07-10.
Надворешни врски
уреди- Феудална кула на Ризницата ?
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |