Башиговачко Езеро

Башиговачкото Езеро е вештачко езеро во Босна и Херцеговина. Се наоѓа во југоисточниот дел на општината Живинице и е оддалечено 6 км од градот Живинице. Езерото се наоѓа во дупка која настанала со вадење на руда, наполнета во 1984 по сопирањето на експлоатацијата. Долго е 400 м, широко 350 м и има максимална длабочина од околу 40 м во средината. Длабочината на езерото во крајбрежниот појас се движи од 2,5 до 5 м во источниот и северниот дел, додека јужниот и западниот дел има брег со благо продлабочување. Плиткиот дел на езерото е обраснат со трски и рогоз, а на поединечни места се наоѓаат мочуришта со барска трева во вода. Мала количина на вода се добива од падовините, а поголемиот дел вода се снабдува од подземски извори. Вишокот вода од езерото се претвора во потоци од кои почнува да тече реката Спреча. Во езерото има разновидни рибни видови од кои: штука, сом, деверика, шаран, бабушка, лињак, коштра, црвенперка и други ситни риби. На езерото е развиен риболовот.

Башиговачко Езеро во рамките на Босна и Херцеговина<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; left: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;"><div style="position: relative; text-align: center; left: -Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“px; top: -Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“px; width: Предлошка:ПолКарта Боснаpx; font-size: Предлошка:ПолКарта Боснаpx; line-height: 0; z-index:100;" title="">[[File:Предлошка:ПолКарта Босна|Предлошка:ПолКарта БоснаxПредлошка:ПолКарта Боснаpx|Башиговачко Езеро|link=|alt=]]
Башиговачко Езеро
Местоположба на Башиговачкото Езеро во БиХ (44°25′3″ СГШ 18°41′21″ ИГД)

Надворешни врски

уреди