Барунка (грчки: Μπαρούγκα) — високопланинска река во Нестрамско, Егејска Македонија, Грција, лева притока на Бистрица.[1][2]

Барунка
Μπαρούγκα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајНестрамско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоГрамошта
 • координати40°25′40″N 20°47′19″E / 40.4279° СГШ; 20.7886° ИГД / 40.4279; 20.7886
Устие 
 • место
Бистрица
 • координати
40°25′44″N 20°51′59″E / 40.4290° СГШ; 20.8663° ИГД / 40.4290; 20.8663
Особености на сливот

Опис

уреди

Реката извира од граничен врв на масивот Грамошта и тече на североисток. Кај превојот Казан прави остар завој и почнува да тече на југоисток. Прима низа леви притоки кои извираат од врвот Губел (2.251 м). Откако ќе навлезе во шумовите подрачје, зазема источен правец, минува јужно под врвот Петра (1.614 м) и северно од некогашното село Ветреник, па се влева во Бистрица (тука наречена Белица).[2]

Шума Барунка

уреди

По течението на Барунка се наоѓа истоимената шума Барунка, која во 1986 г. е прогласена за заштитен споменик на природата на подрачје од 130 ха.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kónitsa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  2. 2,0 2,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 293. ISBN 978-960-86676-6-2.
  4. „Καστοριά-Φούσια-Σλήμνιτσα-Μονόπυλο-Γιαννοχώρι-Λιβαδοτόπι“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 3 февруари 2022.