Барич
клисура во Македонија
Барич (или Баричка Клисура) — кањон во Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, најдлабок во државата.[1] Сместен е во добро обликуваната клисура на Радика која лежи на расед. Ја исцртува границата помеѓу областите Горна и Долна Река.
Барич | |
---|---|
Надм. висина | 810 м |
Должина | 9 км |
Длабочина | 1.200 - 1.300 м |
Геологија | |
Вид | кањон |
Географија | |
Местоположба | Реканско, западна Македонија |
Координати | 41°40′03″N 20°38′06″E / 41.6675° СГШ; 20.635° ИГД |
Река | Радика |
Се протега помеѓу планините Бистра и Кораб[1], од сливот на Рибничка Река до сливот на Жировничка Река. Има лачен облик и долга е 9 км. Самиот кањон е тесен. Вертикалните отсеци се високи помеѓу 300 и 350 м. Пошироката кањонската клисура е длабока од 1.200 до 1.300 м,[2] што ја прави најдлабока во Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија. Скопје, 2008, стр. 15.
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 131. ISBN 978-608-203-023-4.
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |