Барбара Маклинток
Барбара Маклинток (16 јуни 1902 – 2 септември 1992) — американски научник и цитогенетичар која ја добила Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1983 година. Станала доктор на науки од областа на ботаниката на Универзитетот Корнел во 1927 година. Таму ја започнала кариерата како водач во развојот на цитогенетиката на пченката, што останало во фокусот на нејзините истражувања во текот на целиот нејзин живот. Од крајот на 1920-тите години, Маклинток ги проучувала хромозомите и како тие се менуваат за време на репродукцијата кај пченката. Таа ја развила техниката за визуелизирање на хромозомите на пченката и користела микроскопска анализа за да демонстрира многу основни генетски појави. Една од овие појави била генетската рекомбинација со кросинг-овер за време на мејозата - механизам со кој хромозомите разменуваат информации. Таа ја изработила првата генетска мапа на пченката, покажувајќи кои региони на хромозомите се одговорни за одредени фенотипски особини. Таа ја открила улогата на теломерот и центромерот, региони на хромозомот кои се важни за зачувување на генетските информации. Таа била признаена како еден од најдобрите научници во нејзината област на истражување, наградена со престижни стипендии и избрана за член на Националната академија на науките на САД во 1944 година.
Барбара Маклинток | |
---|---|
Барбара Маклинток во нејзината лабораторија. | |
Роден(а) | Eleanor McClintock 16 јуни 1902 Хартфорд, Конектикат, САД |
Починал(а) | 2 септември 1992 Хантингтон, Њујорк, САД | (возр. 90)
Полиња | Цитогенетика |
Теза | „A Cytological and Genetical Study of Triploid Maize“ (1927) |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина (1983) |
Потпис |
Сколија има авторски профил за Барбара Маклинток. |
Во текот на 1940-тите и 1950-тите години, Маклинток ги открила транспозоните, за што во 1983 година и била доделена Нобеловата награда за физиологија или медицина.