Банкарите на Бога (филм)
Банкарите на Бога - случајот Калви (ит. I Banchieri Di Dio - Il Caso Calvi) е италијански филм од 2002 година. Режијата е на Џузепе Ферара (ит. Guiseppe Ferrara), а покрај него сценариото го пишува и Арменија Балдучи (ит. Armenia Balducci). Улогите ги играат Омеро Антонути (ит.Omero Antonutti) , Памела Вилорези (ит. Pamela Villoresi), Џанкарло Џанини (ит. Giancarlo Giannini), Алесандро Гасман (ит. Alessandro Gassman) и други.
Опис
уредиФерара се враќа со нов филм за политичката историја на Италија од Осумдесеттите години, испреплетена со личности како банкари, кардинали и претприемачи, и ја раскажува приказната за Роберто Калви, претседател на Банка Амброзијана од 1975 г., уапсен во 1981 г. за пропаст на банката, осуден на 4 години затвор и 15 милијарди казна, пребеган во странство и најден обесен на 18 јуни во 1982 г., под мост во Лондон.
Откако собрал исцрпни податоци не само за Калви туку и за Банка Амброзијана, за Ватиканската банка, за Опус Деи и за Масонството, Ферара тргнува низ заплетканите патеки на еден случај кој италијанското правосудство сѐ уште успеало да го расветли и во чии мрежи останал, иако сосема малку, заплеткан и Ватикан. Филм кој содржи од сѐ по малку: П2, атентатот на Папата итн. На екранот дефилираат личности како Андреоти, Кракси, банкарот Микеле Сидона и случајот Калви се расплинува, или поточно се усложнува, меѓу тајните агенти како Франческо Пациенца и сомнителните претприемачи како Флавио Карбони, додека одговорните на Ватиканската банка, Паул Марцинкус и неговата десна рака Менини си обезбедуваат спас преку игра со потписи и моќ. Како што беше и со „Случајот Моро“ така и овде Ферара спроведува истражувања преку својот филм и донесува сопствени заклучоци.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |