Балиски храм или пура — хиндуистички храм, место за поклонение на приврзаниците на балискиот хиндуизам во Индонезија.[1] Пурите се градат според правилата и ритуалите на балиската архитектура. Повеќето пури се наоѓаат на островот Бали, каде што хиндуизмот е преовладувачката религија; меѓутоа, многу пури постојат во други делови на Индонезија каде што живеат значителен број Балијци. Храмот на Мајка Бесаких е најважниот, најголемиот и најсветиот храм во Бали.[2] Бали има изградено огромно количество пури, поради што е наречен „Островот на Илјада Храма“.

Богато украсени порти кори агунг и павилјони во Пура Далем Агунг Падантегал во Бали

Етимологија

уреди

Поимот pura доаѓа од санскритскиот збор (-pur, -puri, -pura, -puram, -pore) што значи „град“, „ограден град“, „издигнат град“ или „дворец“ и се појавил по индијанизацијата на Југоисточна Азија и распространувањето на хиндуизмот, особено во Индосферата. За време на развојот на балискиот јазик, поимот „пура“ се однесува на верски храмов комплекс, додека поимот „пури“ — на дворец, седиште на кралеви и благородници, слично на јаванските кратони.

Наводи

уреди
  1. „Temples in Bali“. Bali Directory. Архивирано од изворникот на 2010-05-11. Посетено на 2010-07-21. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Mount Agung and Pura Besakih“. Sacred Destinations. Архивирано од изворникот на 2010-07-11. Посетено на 2010-07-20. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди