Балабан (инструмент)

Балабан (азерски: Balaban)[7]дрвен дувачки инструмент со цилиндричен облик, со двојно јазиче, долг околу 35 сантиметри, со осум отвори кои се покриваат со прстите и еден отвор се покрива со палецот. Балабан е еден од древните дувачки инструменти кој застапен во република Азербејџан како и во Ирански Азербејџан.

Балабан
Азербејџански народен инструмент балабан[1][2][3][4][5][6]
Азербејџански народен инструмент балабан[1][2][3][4][5][6]
Азербејџански народен инструмент балабан[1][2][3][4][5][6]
Класификација
Скала
Музичари
Балабан во Државниот историски музеј на Азербејџан

Балабанот најчесто се изработува од тврди видови дрвја како што се црница или орев. Пречникот на внатрешната шуплина на инструментот е околу 1,5 см. Двојното јазиче е изработено од трска, долго околу 6 см и рамно на едниот крај. Изведувачот го користи воздухот кој се наоѓа во устата за да свири додека вдишува воздух во градите. Оваа "кружна" техника на дишење обично се користи на сите дувачки инструменти со двојно јазиче на Средниот Исток.

Опис на инструментот

уреди

Балабанот има 8 дупки на предната страна и една на задната во висина на првата и втората дупка на предната страна.[8] Састоји се од цева, језичка, регулатора, и поклопца.[9]

Цевката на балабанот, или говдата, е цилиндрична цевка со должина од 280 до 320 мм најчесто изработена од дрво од кајсија (понекогаш и од леска, круша, црница, шимшир и др.). Процесот на изрежување на цевката на балабанот се вика "балабан чакма". Горниот крај на цевка ("баш" или "куп") има кружен облик, а долниот крај ("ајаг") е зашилен. Внатрешната шуплина има пречник околу 10 мм. Осумте дупки или "тонови" кои го сочинуваат "звучниот тон" ("сас пардаси") се направени на предната страна, а една дупка е направена на долната страна, спроти интервалот меѓу првата и втората дупка. Понекогаш на долниот крај на долната страна се прави дополнителна дупка која се вика "низам пардаси" за да се обезбеди подобра боја на звукот.[9]

Дупките на инструментот се класифицирани на следниов начин:[9]

Звучен тон – сас пардаси Функционални #1 – прв тон – баш парда
#4 – главен тон – шах парда
#6 – отворен тон – ачиг парда
#8 – долен тон – ајаг парда
позадински тон – арха парда
Тонски #2 – тон сегах – сегах пардаси (1)
#5 – тон сегах – сегах пардаси (2)
#7 – тон махур – махур пардаси
Акустични долен тон баланс – низам пардаси

Јазичето (гамиш, гарги или дил) е направено од трска и се вметнува во горниот отвор. Се израмнува и добива облик на двојно јазиче. Во главната цевка е поврзано со регулатор со должина од 60 мм и ширина од 10 мм кој се прави од врба или винова лоза пресечена надолжно. Поклопецот се прави од врба, лешник, дрен или црница и се става на јазичето за да се спречат оштетувања. Врзан е на регулаторот за да не се изгуби.[9]

Употреба

уреди

Во свечени прилики како што се свадбасвадби и церемонии на одмор, перкусионист го следи свирачот на балабан. Традиционалната азерска музичка група која е составена од два свирачи на балабан и перкусионист се вика балабанчилар дастаси. Исто така се користел во овчарски песни и погребна музика. Според некои податоци ловците свиреле на балабани за да привлечат потполошки. Одредени видови балабан исто така се користат во ашик-музиката.[9]

Кратка свирка на азербејџанскиот мугам отсвирена на балабан, национален дувачки инструмент, била ставена на Војаџер златен рекорд, која била приклучена на вселенскиот брод Војаџер да ја претставува светската музика заедно со мноштво други културни достигнувања на човештвото.[10]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Толковый словарь русского языка Кузнецова. 1 е изд е: СПб.: Норинт. С. А. Кузнецов“. Архивирано од изворникот на 2012-07-09. Посетено на 2012-07-18.
  2. „Музыкальная энциклопедия. Азербайджанская музыка. Под ред. Ю. В. Келдыш. Т 1. А — М.: Советская энциклопедия, 1973“. Архивирано од изворникот на 2015-01-30. Посетено на 2020-04-04.
  3. Меджнун Керимов. Атлас традиционной азербайджанской музыки. Бабалан
  4. Известия. Ру: «Имеющий уши да услышит…»
  5. Сергей Александрович Токарев. Основы этнографии: Учеб. пособие для ист. специальностей вузов.. — Высшая школа, 1968. — С. 311. — 359 с.
  6. Encyclopaedia Iranica. Balaban. Архивирано на 5 август 2011 г.: «BĀLĀBĀN, a cylindrical-bore, double-reed wind instrument about 35cm long with seven finger holes and one thumb hole.It is played in eastern Azerbaijan in Iran and Soviet Azerbaijan (where it is also called düdük).»
  7. Музыкальная энциклопедия. Баламан Архивирано на 30 јануари 2015 г.. Под ред. Ю. В. Келдыш. Т 1. А — М.: Советская энциклопедия, 1973.
  8. Ch, R. A. M.; 51, Rakausika राम च (18 ноември 2012.). „The Music Of Azerbaijan“. A World,s Heritage Of Native Music. Посетено на 16 мај 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Charming Sounds of the Balaban Архивирано на 11 август 2018 г. by Saadat Abdullayeva
  10. Ch, R. A. M.; 51, Rakausika राम च (5 март 2013.). „مقام The Music Of Azerbaijan Vol-02 مقام“. A World,s Heritage Of Native Music. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди