Бактериолошка анализа на водата
Бактериолошката анализа на водата е метод за анализирање на водата со цел проценување на бројот на присутни бактерии и, доколку е потребно, одредување на видот на тие бактерии. Тоа е микробиолошка аналитичка процедура при која се користат примероци на вода од кои се одредува концентрацијата на бактерии. Од добиените вредности за концентрацијата се донесуваат заклучоци за квалитетот и погодноста на водата за користење. Овој процес се користи, на пример, за рутинска проверка на водата за пиење или на водата за капење и рекреациската вода.
Кога се испитува вода која би требало да се користи за пиење, стандардите се многу строги, што не е случај за тестирање на водата за капење.
Пристап
уредиЗаедничка одлика на сите овие рутински испитувачки процедури е дека примарната анализа се состои во одредување на индикаторски организми наместо патогени кои би можеле да предизвикаат загрижување. Индикаторски организми се бактерии како што се неспецифичните колиформи (Escherichia coli и Pseudomonas aeruginosa) кои се чести во човечкиот или животинскиот дигестивен систем и кои доколку се забележат, би можеле да укажуваат на загадување со канализациска вода. Индикаторските организми се користат бидејќи дури ако една единка е заразена со повеќе видови на патогени бактерии, таа единка сепак ќе екскретира количински повеќе индикаторски организми наместо патогени. Затоа е правилно да се претпостави дека доколку нивото на индикаторски организми е ниско, тогаш нивото на патогени ќе биде многу пониско или ќе отсуствува.
Анализата најчесто се изведува користејќи култура, биохемиски и понекогаш оптички методи. Кога индикаторските организми ги надминуваат претходно поставените граници, тогаш се преземаат специфични анализи за патогени со што тие брзо се откриваат со помош на специфични методи на култура или молекуларна биологија.
Методологии
уредиБидејќи анализата секогаш се основа на многу мал примерок земен од многу голем волумен на вода, сите методи се потпираат на статистички принципи.
Метод со повеќе епрувети
уредиЕден од најстарите методи се нарекува метод со повеќе епрувети. Во него, измерен подпримерок (најчесто од 10 ml) се разредува со 100 ml на стерилен медиум за раст. Од тоа се декантираат 10 ml во секоја од вкупно десет епрувети. Преостанатите 10 ml потоа се разредуваат повторно и процесот се повторува. На крајот од 5 разредувања се добиваат 50 епрувети кои го покриваат разредувачкиот опсег од 1:10 до 1:10000. Епруветите потоа се инкубираат во предодредена температура за одредено време и на крајот од овој процес се бројат епруветите за секое разредување каде има раст на бактерии. Потоа се користат статистички табели за да се изведе концентрацијата на организми во оригиналниот примерок. Овој метод може да се засили со користење на индикаторски медиум кој ја менува бојата кога се присутни киселино-произведувачките видови и со вклучување на ситно превртено цевче (Дурхамово цевче) во секоја епрувета со примерок. Ова ситно цевче го зафаќа произведениот гас од страна на бактериите. Производството на гас при 37° С е силна индикација за присуство на Escherichia coli.
Броење на плоча
уредиМетодот на броење на плоча се заснова на бактериите кои растат во колонии на хранлив медиум, така што колонијата станува видлива за голо око и бројот на колонии на плочата може да се изброи. За да има делотворност, разредувањето на оригиналниот примерок мора да се изведе така што во просек да израснат меѓу 10 и 100 колонии од целната (испитуваната) бактерија. Помалку од 10 колонии го прави заклучокот статистички неважен, додека повеќ од 100 колонии често резултира во преклопувачки колонии и непрецизност во броењето. За да се осигураме дека ќе се добие соодветен број на колонии, се прават неколку разредувања кои се засејуваат на плоча.
Во лабораториската процедура спаѓа правењето на неколку разредувања на примерокот (1:10, 1:100, 1:1000 итн.) во стерилна вода и нивно култивирање на хранлив агар во сад кој се запечатува и инкубира. Типични медиуми се Plate count agar и MacConkey agar за броење на грамнегативни бактерии каква што е E. coli. Обично една група на плочи се инкубира на 22 °C и за 24 часа, а друга група на 37 °C за време од 24 часа. Во составот на хранливиот медиум најчесто има реагенси кои го спречуваат растењето на непосакувани (нецелни) организми, со што го прават целниот организам лесно препознатлив, често пропратено со промена на бојата во медиумот. Некои скорешни методи вклучуваат флуоресцентен агенс, така што броењето на колониите може да се автоматизира. На крајот од инкубацискиот период колониите се бројат со око, процедура за која е потребно некое време и не е потребен микроскоп, бидејќи колониите обично се долги неколку милиметри.
Мембранска филтрација
уредиПовеќето современи лаборатории користат порафиниран процес на вкупното броење на плоча при што сериските разредувања на примерокот вакуумски се филтрираат преку посебни мембрански филтри, а овие филтри потоа се поставуваат на хранлив медиум во затворени плочи. Методологијата е слична на конвенционалното вкупно броење на плоча. Со овој метод се брои многу поголем број на колонии под бинокуларен микроскоп.