Бабушки

руски кукли

Бабушки (бабушка на руски значи баба) (руски: матрёшка) - Матрјошка, хип. од името Матрёна - Матрјона, на руски матријархат) е руска дрвена играчка која се состои од кукли кои се разделуваат, и внатре се наоѓаат сè помали кукли. Матрјошка е со поправилен израз, бидејќи фигуричката претставува мајка, а не баба. Обично се вклопени барем шест кукли. Секогаш се изработуваат во цилиндрична форма. Куклите немаат раце, туку тие се само насликани. Традиционално на куклите се сликаат прикази на жени во разнобојна народна носија, но можат да се прикажуваат и мажи. Теми се разновидни; тоа можат да бидат и ликови од народните сказни, сè до прикажување на современи политичари. Матрјошките се еден од најпопуларните сувенири во Русија. Постојат теории дека куклите-матрјошки Русите ги презеле од Јапонија по Руско-јапонската војна.

Разделени бабушки

Првите примероци на руски матрјошки се појавиле во 1890-те, а им се припишуваат на дрводелецот В. П. Звјоздочкин и на професионалниот уметник Сергеј Васиљевич Маљутин. Матрјошките биле прикажани 1900 на Светската изложба во Париз, каде биле наградени со бронзен медал. Набрзо, овие кукли почнале да се изработуваат низ цела Русија. Матрјошките се изработени прилично квалитетно, со рачна работа, со боење и со лакирање на дрвото. Постојат и матрјошки кои не се лакирани и обоени - дрворезбарени.

Бабушките како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 58.